• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми кај рак на ректум - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми кај рак на ректум
Зрачна терапија
Цитостатска терапија
Сите страници

Зрачна терапија

Ресектабилен карцином на ректум

Предоперативна радиотерапија/радиохемотерапија

  • Предоперативна радиотерапија со краток режим на ирадијација (25 Gy, во 5 фракции во тек на една недела, проследена со операција во период од 7 дена) го намалува процентот на локалното рецидивирање.
  • Предоперативна хеморадиотерапија (долг режим 44-50,4 Gy, во тек на 5 недели со конкомитантна 5-флуороурацил базирана хемотерапија) се претпочита во однос на постоперативната ирадијација поради помалата токсичност. При овој режим оперативното лекување се спроведува 6-8 недели по завршувањето на хеморадиотерапискиот третман.

Постоперативна радиохемотерапија

  • Доколку не е спроведена предоперативна радиотерапија, кај пациентите со позитивни циркумферентни маргини, перфорација или во другите случаи со висок ризик од појава на локален рецидив, се спроведува постоперативна радиотерапија со конкомитантна континуирана 5-флуороурацил базирана хемотерапија.

Примарно неоперабилен карцином и локален рецидив

  • За одредени болни со неоперабилен карцином без докажани метастази, треба да се разгледа можноста за примена на примарната радиотерапија изолирано или во комбинација со хемотерапија.
  • Кај пациентите со локално напреднат неоперабилен карцином на ректум (фиксиран тумор), се спроведува предоперативна радиотерапија со или без конкомитантна 5-флуороурацил базирана хемотерапија.
  • Во случаите на локален рецидив на ректален карцином, кога ирадијацијата не е реализирана во примарниот третман, се применува истата постапка – радиотерапија со или без конкомитантна континуирана 5-флуороурацил базирана хемотерапија.
  • Оперативното лекување, доколку е можно, се спроведува 4-8 недели по завршувањето на хеморадиотерапискиот третман.
  • Целниот волумен при ирадијација на карциномот на ректумот го вклучува примарниот тумор, или туморското лежиште, пресакралната регија и регионалните лимфни жлезди. Хомогена доза на овој волумен, со минимизирање на дозата на тенките црева и мочниот меур, кои се органи од ризик, се постигнува со користење на најмалку три влезни полиња – едно директно, задно и две латерални или две задни, коси полиња. Во некои случаи е можно користење на друг аранжман на полињата.
    Примена на план со две или четири полиња се применува кога постои инфилтрација на предниот абдоминален ѕид или на мочниот меур. Дозата при предоперативната ирадијација е 25 Gy во 5 фракции, во тек на една недела, проследени со операција во период од 7 дена. Овој режим се применува кај мобилните тумори.
    Друга можност за предоперативен третман е хеморадиотерапија со долг режим во кој дозата е 44-50.4 Gy, реализирани во тек на 4.5-5 недели со конкомитантна 5-флуороурацил базирана хемотерапија.
  • Примената на радиотерапија со три или четири полиња се препорачува кај ректалниот карцином бидејќи ова резултира со помал морбидитет и морталитет.
  • Дозата при постоперативната ирадијација е 45-50 Gy во 15 фракции. Во случај на постоење на макроскопска резидуална болест, може да се примени додатна доза (boost) од 10-15 Gy, на мал волумен, ограничен на лежиштето на примарниот карцином.
  • При неоперабилен карцином или локален рецидив се применува доза од 45-50 Gy реализирана во 20-25 фракции. Доколку се очекува подолготрајно преживување, се применува додатна доза од 10-15 Gy, на мал волумен, до вкупно 55 -60 Gy во траење од 6,5-7 недели. Во случаите кога бројот на доаѓањето во болница треба да се намали, се применува алтернативен палијативен режим со доза од 36 Gy, аплицирани во 6 фракции, во временски период од 3 недели.