• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми кај рак на ректум Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми кај рак на ректум
Зрачна терапија
Цитостатска терапија
Сите страници

Тераписки можности

  • Оперативниот третман е основен модалитет во лекувањето на карциномот на ректумот. За карциномите на средната и долната третина на ректумот, како хируршка метода се препорачува тоталната мезоректална ексцизија, бидејќи овој оперативен третман резултира со значително помал процент на локални рецидиви (< 10%) и добар квалитет на живот.
  • Постоперативната радиотерапија или постоперативната хемотерапија како самостојни модалитети не се опција. Постојат неколку различни стратегии во однос на пред и постоперативниот зрачен и хемотерапевтски третман.
  • Неоадјувантниот и/или адјувантниот третман се индицирани за ректалните карциноми со утврден стадиум T3-T4 N0 i T1-4 N +.
  • Постоперативната радиотерапија или постоперативната хемотерапија како самостојни модалитети не се опција. Постојат неколку различни стратегии во однос на пред и постоперативниот зрачен и хемотерапевтски третман. Значително подобрување во вкупното преживување не е покажано со пред или постоперативна радиотерапија како единствен тераписки модалитет, со исклучок на една единствена студија.

Стадиум I

  • Стандарден начин на третман е оперативното лекување. Во случаи кога со ендолуминална ултрасонографија е потврдено присуство на малигном од стадиум I, кој е помал од 3 cm и е добро диференциран, можна е примена на ендокавитарна ирадијација. Петгодишното преживување по соодветно лекување изнесува 75-100%.
  • По радикалниот хируршки третман или ендокавитарната зрачна терапија, не се применува адјувантна хемотерапија. Ендокавитарното зрачење, со или без перкутана терапија кај селектирана група пациенти со тумори помали од 3 см, добро диференцирани, и без длабоки улцерации, со отсуство на фиксација на туморот или палпабилни лимфни жлезди. Потребни се посебна апаратура и искуство за да можат да се постигнат резултати еднакви на хируршките.

Стадиум II

  • Стандардно лекување за овој стадиум вклучува хируршка ресекција и ирадијација, односно хемотерапија во различен редослед на модалитетите на лекување:
    • Предоперативна ирадијација со цел да се презервира аналниот сфинктер, по што следува хируршка интервенција, а по неа адјувантна хемотерапија.
    • Радикална операција и постоперативна ирадијација во комбинација со хемотерапија.

Стадиум III

  • Стандардно лекување за овој стадиум вклучува хируршка ресекција и ирадијација, односно хемотерапија во различен редослед на модалитетите на лекување.
  • Предоперативна ирадијација со или без хемотерапија, со цел да се намали примарниот тумор и на тој начин да се овозможи презервирање на аналниот сфинктер, по што следува хируршка интервенција, со супсеквентна адјувантна хемотерапија.
  • Радикална операција и постоперативна ирадијација во комбинација со хемотерапија.

Стадиум IV

  • Стадиум IV на ректалниот карцином означува постоење на метастатска болест. Третманот на пациентите со овој стадиум како и на рекурентиот ректален карцином зависи од локализацијата на метастатските промени утврдени при физикалниот преглед и/или радиографските испитувања.

Третмански можности се:

  • ресекција на метастатски промени на црниот дроб кај селектирани пациенти,
  • ресекција на изолирани оваријални метастатски промени кај селектирани пациенти,
  • во селектирани случаи на метастатска болест, третманот може да вклучи оперативно лекување на резектабилни промени во белите дробови или хепарот,
  • радиотерапијата се применува со палијативна цел во третманот на одредени метастатски промени,
  • палијативна хемотерапија,
  • палијативна хируршка ресекција/анастомоза или премостување на опструктивен или крваречки примарен карцином кај селектирани пациенти со метастатска болест,
  • хируршка ресекција на локален рецидив.