• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 2 PDF Печати
Недела, 20 Јули 2008 19:52
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Зрачна терапија
Цитостатска терапија
Рекурентен анален карцином
Сите страници

Зрачна терапија

Карцином на аналната маргина - Т1 тумор

  • Целниот волумен го вклучува примарниот тумор со маргина од 2 cm.
  • Се применува директно поле, ирадијацијата е со електрони, со соодветна енергија, која ќе овозможи целниот волумен да биде во 90% изодоза.

Карцином на аналната маргина - Т2-Т4 тумори и мали тумори на дисталниот анален канал

  • Иницијалниот третман ги вклучува: примарниот тумор, аналниот канал, параректалните и пресакралните лимфни жлезди. Не се спроведува елективна ирадијација на ингвиналните жлезди, бидејќи ризикот од метастазирање во оваа регија е мал. Поради ризикот од локална инфилтрација во зрачниот волумен, мора да бидат вклучени кожата на перинеалната регија и суперфицијалното ткаење. Целниот волумен за втората фаза на зрачниот третман го опфаќа само примарниот тумор.
    Дозата на иницијалниот волумен изнесува 40-45 Gy во 20-25 фракции во тек на 4-5 недели. Додатни 20-25 Gy во 10-13 фракции се аплицираат на волуменот на примарниот тумор, така што дозата што тој ја прима да изнесува вкупно 60-65 Gy.

Сите други карциноми на аналната регија

  • Иницијалниот третман ги вклучува: примарниот тумор, аналниот канал, долниот дел на ректумот, параректалните, оптураторните и хипогастричните лимфни жлезди. Се применува перкутана зрачна терапија (external beam therapy-EBM), користејќи техника со три полиња, директно задно и две коси задни полиња со агол на гантри од 45-65 степени, зависно од поставеноста на целниот волумен и неговата близина до површината на кожата. Дозата на иницијалниот волумен изнесува 40-45 Gy во 20-25 фракции, во тек на 4-5 недели.
  • Доколку при иницијалните испитувања е утврдено дека туморот е со димензии соодветни за интерстицијална имплантација, оваа метода може да се спроведе шест недели по завршувањето на ЕБМ. Со интерстицијалната имплантација се остварува доза од 20-25 Gy на 85% референтна изодоза. Се користат најчесто игли на Ir 192.
  • Во некои случаи, посоодветно е додатното зрачење да биде со перкутаната терапија со намалени полиња (boost). 20-25 Gy во 10-13 фракции се аплицираат на волуменот на примарниот тумор, така што дозата што тој ја прима да изнесува вкупно 60-65 Gy .

Зрачна терапија на ингвиналните регии

  • Во случаите кога има присуство на метастатски депозити во ингвиналните лимфни жлезди, се спроведува ирадијација и на ингвиналните регии. Дозата на иницијалниот волумен изнесува 40-44 Gy во 20-22 фракции, во тек на 4-4,5 недели. На регијата на палпабилните лимфоноди се спроведува додатна ирадијација, а boost дозата изнесува 10-20 Gy во 5-10 фракции.
  • Ирадијација само на ингвиналните регии се спроведува со електронотерапија, при што изборот на енергијата се прави така што целниот волумен да биде опфатен во 90% изодоза. Се аплицира доза од 55 -60 Gy во 27-30 фракции.