• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми PDF Печати
Недела, 20 Јули 2008 19:52
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Зрачна терапија
Цитостатска терапија
Рекурентен анален карцином
Сите страници

Стадиум 0

Стадиум 0 на аналниот карцином е carcinoma in situ. Болеста ретко се дијагностицира во овој стадиум.

Стандардни третмански можности:

  • Хируршка ресекција се користи за третман на лезии од перианална регија, кои не го зафатиле аналниот сфинктер (пристапот зависи од локализацијата на лезијата во аналниот канал).

Стадиум I

  • Карциномот на анусот во овој стадиум бил третиран со абдоминоперинеална ресекција. Современите конзервативни тераписки методи овозможуваат зачувување на аналниот сфинктер.

Стандардни третмански можности:

  • Мали тумори на перианалната кожа или аналниот раб, кои не го зафаќаат аналниот сфинктер, можат адекватно да се третираат со локална ресекција.
  • Сите други стадиуми и карциноми на аналниот канал, кои го зафаќаат аналниот сфинктер или се многу големи за комплетна локална ексцизија, се третираат со перкутана радиотерапија со или без хемотерапија. Хемотерапијата со флуороурацил и митомицин, комбинирана со примарната радиотерапија, е поефикасна отколку само радиотерапија. Селектирани тумори можат да се третираат со примена на интерстицијална зрачна терапија.
  • При резидуален или рекурентен карцином, во аналниот канал по неоперативна терапија се применува радикална ресекција.
  • Доколку дојде до појава на резидуален тумор кај пациенти првично третирани конзервативно, со аплицирање на хемотерапија со флуороурацил и cisplantin, комбинирана со радијациски boost, може да се избегне поставување на перманентна колостома.
  • Кај некои пациенти со резидуална болест, по перкутана радиотерапија, примената на интерстицијална терапија со Ir - 192 може да постигне комплетен одговор.

Стадиум II

Третманските опции се еднакви на оние применувани за стадиум I.

Стадиум IIIa

Стадиум IIIa клинички се презентира како стадиум II, но се одредува како IIIa поради присуството на метастатски периректални лимфоноди или зафаќање на соседните органи. За точното дијагностицирање на овој стадиум, од корист е примената на ендоректална или ендоанална ултрасонографија.

Стандардни третмански можности

  • Третман како за стадиум I и II на болеста, користејќи радиотерапија плус хемотерапија.
  • Во случаите на резидуална или рецидивна болест по спроведено конзервативно лекување, се применува оперативен третман и радикална ресекција.

Стадиум IIIb

Постоењето на метастатски депозити во ингвинални лимфни жлезди, унилатерално или билатерално, е негативен прогностички знак.

Стандардни третмански можности:

  • Радиотерапија плус хемотерапија (како што е опишана за стадиум II). Доколку се докаже присуство на резидуалната болест на примарното место, се применува хируршки третман (локална ресекција или абдоминоперинеална ресекција) и унилатерална или билатерална дисекција на површни и длабоки ингвинални јазли за резидуален или рекурентен тумор.

Стадиум IV

Нема стандардна хемотерапија за пациентите со метастатска болест. Приоритет е палијација на симптомите. Пациентите во овој стадиум треба да се охрабруваат за учество во клинички студии.

Третмански можности:

  • палијативна хирургија,
  • палијативна ирадијација,
  • палијативна хемоирадијација.