• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Придобивките од зрачната терапија поголеми од ризиците

Шансите за развивање на секундарен рак по зрачната терапија за примарниот рак се релативно мали, велат американските истражувачи. Секундарниот рак е поврзан со зрачењето кај само мал број на пациенти.

Научниците од американскиот национален институт за рак во своето долгогодишно истражување вклучиле преку 647.000 лица кои го победиле ракот. Тие процениле дека 8% од случаите на секундарен рак може да се поврзат со зрачната терапија за примарниот рак.

Овие резултати покажуваат дека некои други фактори на ризик, како што се стилот на живеење или генетиката, ги предизвикуваат повеќето случаи на секундарен рак.

„Лекарите може да го користат ова сознание за да го оценат вистинскиот ризик кога разговараат со пациентите за можностите на лекувањето. Пациентите би требало да се информираат дека ризиците од радиотерапијата се помали од придобивките“, советува Dr. Amy Berrington de Gonzales.

Истражувачите ги анализирале резултатите од 15 различни видови на рак, за кои радиотерапија е рутина терапија, како што се ракот на ректумот, гркланот, белите дробови, дојката, простатата, мозокот, тестисот или тироидната жлезда. Вкупно 30 години по почетокот на студијата, 9% испитаници развиле секундарен рак, од кои 8% развиле секундарен рак кој бил последица на зрачната терапија. Повеќе од половина од случаите биле пациенти со рак на дојка и рак на простатата, додека 24% од случаите на секундарен рак се јавиле кај пациенти кои преживеале рак на тестис.

Истражувачите нагласуваат дека лицата кои добиле рак во рана возраст се со најголем ризик од развој на секундарен рак, како и оние кои примиле високи дози на зрачење.

Апсолутниот ризик од развој на секундарен рак изнесува 3 на 1000 луѓе во период од десет години по зрачната терапија и 5 лица на 1000 луѓе -15 години по зрачната терапија.

 

Најчитани наслови