• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Истражување: Долготрајна примена на аналгетици може да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција

Калифорниските истражувачи заклучиле дека ако мажите редовно земаат таблети против болка имаат поголем ризик од појава на еректилна дисфункција. Научниците дошле до овој заклучок анализирајќи ги здравствените податоци на околу 90 000 мажи на возраст помеѓу 45 и 69 години. Луѓето кои добиле залиха на нестероидни анти-инфламаторни лекови за 100 дена биле сметани за редовни корисници на аналгетици, исто како и пациентите кои ги земаат овие лекови пет дена во неделата.

Дури и кога ги зеле во предвид возраста, статусот на пушење и сличните фактори на ризик за еректилна дисфункција, истражувачите утврдиле дека испитаниците кои редовно земат аналгетици имаат 38% поголем ризик за развој на еректилна дисфункција.

Аналгетиците кои биле доведени во врска со импотенцијата се аспирин, ибупрофен, напроксен и сличните видови на нестероидни антивоспалителни лекови.

„Ова истражување не докажа дека аналгетиците може да предизвикаат импотенција, туку само ја докажа поврзаноста помеѓу овие две појави. Резултатите бараат дополнителни истражувања, имајќи предвид дека толку многу средовечни и постари мажи секојдневно земаат аспирин за да го намалат ризикот од срцев или мозочен удар“, предупредил Dr. Steven Jacobsen, водачот на ова истражување.

„Никако не би препорачал престанок на земање на овие лекови само врз основа на оваа студија. Поврзаноста која ја откривме можеби не е мала, но мораме уште да ја проучиме, бидејќи нестероидните антивоспалителни лекови широко се користат за спречување или третирање на голем број на тегоби“, заклучил Dr. Jacobsen.

Студијата е објавена во научниот часопис „The Journal of Urology“.

Импотенција (еректилна дисфункција) е состојба на неможна ерекција или неможност таа да се задржи. При тоа не доаѓа до соодветно здрвување на пенисот при сексуална стимулација, а како последица на тоа и неможна пенетрација при сексуалниот однос.

 

Најчитани наслови