• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Внимателно со внесот на калциум! Хиперкалциемијата може да предизвика сериозни проблеми Печати

За да ја спречат остеопорозата, многу жени земаат додатоци на исхрана збогатени со калциум и витамин Д. Но, што ако се претера?

Зошто е важен калциумот?

Калциумот е минерал кој најмногу го има во организмот на човекот, а здружен со фосфорот го одржува здравјето на коските и забите, а со магнезиумот го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Калциумот ја одржува цврстината на коските и забите, го спречува рахитисот кај децата, ја спречува остеопорозата кај позвозрасните, ја одржува нормалната функција и ритам на срцето, помага при метаболизмот на железото во организмот. Најдобри природни извори на калциум се: млекото и млечните производи, сојата, оревите, бадемите, семките од сончоглед, зелениот зеленчук.

Долготрајно неадекватно внесување калциум допринесува за развој на остеопороза. Многу клинички студии укажуваат дека нискиот внес на калциум е поврзан со намалена коскена маса, брзо губење на коскена маса и честа појава на фрактури. Исто така, овие студии покажуваат дека голем број на луѓе внесуваат помалку од половина од дневните количини на калциум.

Препорачана дневна доза на калциум е 800 – 1200 милиграми. За да биде апсорбиран во организмот неопходен е витаминот Д.

Што ако претераме со внесот на калциум?

Ако се претера со земањето на препарати кои содржат калциум може да дојде до негово покачување во крвта над нормалните вредности или до состојба наречена хиперкалциемија.

Хиперкалциемијата може да предизвика неспецифични симптоми како што се депресија, мачнина, повраќање или замор. Сериозна компликација на хиперкалциемијата е панкреатитот (воспаление на панкреас). Ако хиперкалциемијата трае подолго време таа може да предизвика развој на каменчиња во бубрезите и уринарните патишта. Исто така, хиперкалциемијата може да предивика пореметување на ритамот на срцето и многу низок крвен притисок.

Симптомите на хиперкалциемијата почесто се јавуваат при концентрации на калциум над 3 mmol/L, додека тешката хиперкалциемија (3.75-4 mmol/L) се смета за итна состојба која може да предизвика кома или смрт.

Ззтоа многу е битно пред да започнете со земањето на препарати со калциум да се консултирате со вашиот лекар. Не земајте ги на своја рака.