• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како се открива инфекцијата со Helicobacter pylori? Печати

Дијагностичката постапка за откривање на инфекцијата со Helicobacter pylori може да биде инвазивна (испитување со ендоскоп). При оваа постапка т.н гастроскопија може целно да се земе примерок од слузницата на желудникот или дуоденумот (биопсија).

Другата дијагностичка постапка е неинвазивна – преглед без сонда.

Неинвазивните методи за дијагноза на Helicobacter pylori можат да бидат:

  • Со издишување – се докажува активноста на бактеријата со уреа тестот на издушување.
  • Преглед на крвта или плунката – се докажува присутноста на бактеријата преку откривањето на присутните специфични антитела во серумот и/или плунката на заразениот човек (овој дијагностички метод не е добар доколку пациентот земал терапија).
  • Преглед на столицата – бактеријата се докажува преку антигените на ова бактерија кај заразениот пациент.

Најдобар метод е оној со издишување, затоа што ја користи особината на бактеријата да ја разложи уреата.

Постапката се одвива на следниов начин: Се пие мала количина на уреа со обележан изотоп C13 или C14, која се распаѓа од бактеријата Heliobacter pylori за да се ослободи јаглероден диоксид (CO2) во издишаниот воздух. Се споредува содржината од првото издишување и од второто издушување и доколку количината на CO2 е зголемена за 1/3 во второто издишување, резултатот е позитивен. Овој метод е 90% сигурен и не е штетен, ниту инвазивен за пациентот.

Дијагностика преку крв, се користи најчесто како прв тест за испитување, но не и за следење на пациентие кои биле на терапија за лекување на бактеријата.