• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Компликации на бенигната хиперплазија на простатата (БПХ) Печати

Ако бенигната хиперплазија на простатата не се лекува на време и ефикасно, бројот и сериозноста на симптомите може да се зголеми. Може да се јават и разни комликации, не само физички, туку и психички. Така на пример, нецелосното празнење на мочиот меур доведува до задршка на мочка. Ова е одлична средина за размножување на бактериите и развој на воспаление на мочните патишта и мочниот меур. Поради задршкатата на урината, мочниот меур се зголемува, се задебелува неговиот sид и се вложува неговата функција.

Друг ризик е и стварање на каменчиња во мочниот меур, мочните патишта или бубрезите.

Во најтешки случаи може да дојде до пореметување, па дури и до откажување на бубежната функција.

Компликации на бенигната хиперплазија на простатата (БПХ) се:

  • уринарни каменчиња,
  • инфекции,
  • хидронефроза,
  • декомпензација (слабост) на мочниот меур,
  • уринарна инконтиненција,
  • оштетување на горниот уринарен тракт со азотемија,
  • хематурија (крв во урината),
  • акутна уринарна ретенција.

Акутна уринарна ретенција е ургентна состојба која мора итно да се реши, бидејќи доведува до насобирање на отровни материи во крвта (уреа, креатинин и друго) и развој на состојба позната како уремија. При тоа може да дојде и до оштетување на бубрезите, срцето, нарушување на работата на системот за варење и во краен случај да доведе до труење на крвта, развој на коматозна состојба и смрт. Затоа, целосното прекинување на мочањето е ургентна состојба во медицината.