• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Андропауза – Прашања и Одговори Печати

Што е хипогонадизам?

Хипогонадизам (примарен и секундарен) е клиничка состојба која се карактеризира со ниска концентрација на тестостерон во серумот.

Како ниското нивото на тестостерон влијае на организмот?

Нискиот тестостерон може да биде поврзан со многу симптоми:

  • намалена концентрација,
  • депресија,
  • губиток на сексуалниот нагон,
  • еректилна дисфункција,
  • инсулинска резистенција,
  • намалување на мускулната маса и сила,
  • зголемување на нивото на масните наслаги,
  • намалена плодност,
  • намалена големина на гениталиите,
  • остеопороза,
  • помалку влакна по телото,
  • топлотни бранови со зголемено потење,
  • нарушување на липидниот метаболизам (хиперлипидемија),
  • неразвивање на секундарни полови карактеристики во пубертетот,
  • анемија (слабокрвност).

Што се смета за низок тестостерон?

За низок тестостерон во серумот се сметаат вредности пониски од 12 nmol/l.

Кои се причините за хипогонадизам?

Причини на примарниот хипогонадизам се:

  • вродени: пореметувања во хромозомите (Klinefelter-ов синдром), ензимски пореметувања,
  • физичка повреда на тестисите,
  • компликација на некоја друга болест: дијабет, слабост на бубрезите, заболувања на црниот дроб.

Причини на секундарниот хипогонадизам се:

  • вродени пореметувања,
  • пореметувања на функцијата на хипофизата,
  • компликација на некое друго заболувања: AIDS.

Кои се придобивките на тестостеронската терапија?

Tестостеронската терапија може да ја:

  • врати сексуалната желба и потентност,
  • да го подобри расположението и концентрацијата,
  • подобри мускулната маса, подобри густината на коските и превенира остеопорозата.