• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е дефициенција на тестостерон и кои се нејзините последици? Печати

Дефициенција (недостаток) на тестостерон се јавува кога тестисите произведуваат недоволно тестостерон. Причините за ова можат да бидат различни. Послабата функција на тестисите може да биде наследна, но и предизвикана од токсични супстанции, тумори, хируршки интервенции или се јавува како последица на стареењето.

Кои се последиците од недостаток на тестостерон?

Ошти симптоми на дефициенција на тестостерон се: намален сексуален нагон (либидо), еректилна дисфункција, атрофија на мускулите, покачено ниво на масти во крвта (хиперлипидемија), нерасположение и депресија, анемија (слабокрвност) и атрофија на коските (остеопороза). Недостатокот на половиот хормон тестостерон доведува и до пореметено производство на сперматозоиди и до намалена плодност.

Ако недостатокот на тестостеронот започне пред пубертетот, се забавува половото созревање, детето не пораснува и гласот му останува детски.

Ако недостатокот на тестостеронот се јави после пубертетот, а причините можат да бидат наследни или стекнати, можат да се јават следниве симптоми: пореметувања на сонот, хроничен замор, раздразливост, напнатост, чувство на слабост, намалено либидо и полова зрелост, напади на топлотни бранови и потење.

Кај мажите со недоволна продукција на тестостерон се јавува намалување на мускулната маса, зголемување на телесната тежина и процентот на телесните масти. Особено се зголемува количината на масти околу половината и колковите. Овие луѓе се жалат на депресија и апатија, намалена концентација и помнење.

Како се лекува недостатокот на тестостерон?

Кога тестистите не произведуваат доволно тестостерон или воопшто не го произведуваат ќе се јават одредни симптоми.

Ошти симптоми на дефициенција на тестостерон се: намален сексуален нагон (либидо), еректилна дисфункција, атрофија на мускулите, покачено ниво на масти во крвта (хиперлипидемија), нерасположение и депресија, анемија (слабокрвност) и атрофија на коските (остеопороза). Недостатокот на половиот хормон тестостерон доведува и до пореметено производство на сперматозоиди и до намалена плодност. Сите симптоми не мора секогаш да се јават во исто време.

Со примената на тестостерон на органимзот му се надокнадува потребната количина од овој хормон која недостасува. Дадениот тестостерон влегува во крвотокот исто како и природниот тестостерон произведен од тестисите. Преку крвотокот овој тестостерон оди во сите целни органи каде делува на ист начин како и тестостеронот произведен во тестисите. Телото не го разликува тестостеронот произведен во тестисите од оној внесен од надвор.