• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како треба да се следи пациентот со излечен рак на простата? Печати

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот.

Ракот на простатата бара доживотно следење (follow-up). За жал тој може да се јави и многу години по неговото успешно излекување. Регистрирани се случаи на повторување на болеста (рекуренца) и по 10 до 15 години. Затоа, пациентите кои биле успешно излекувани од карциномот на простатата, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот. Успешното следење на болните се остварува само со соработка од страна на пациентот. За таа цел, тој треба да биде доволно здравствено едуциран и запознаен со неговата болест, со нејзиниот тек и со можноста за повторување на болеста и по нејзиното комплетно излекување. Рецидивите може успешно да се лекуваат доколку се откријат на време.

Следењето на пациентот и неговата болест се состои во редовен преглед кај уролог.

Прегледот се состои од:

  • земање на податоци за постоењето на одредени симптоми кај пациентот, како: промени во мочањето, крв во мочта, губиток на телесната тежина, болки во коските.
  • физикален преглед што вклучува и дигитален ректален преглед со цел да се одреди дали постојат некои промени во простатата или простатичната регија.
  • контрола на специфичниот тумор маркер, ПСА. Неговото постепено зголемување над референтните вредности бара и дополнителни испитувања за откривање на евентуално присуство на рекуренца.

Обично, кога нема знаци за рекуренца, следењето треба да биде на секои 2 месеци во тек на првата година, на секој 3 месеци до третата година, потоа на секои 5-6 месеци до петтата го дина. По петтата година, контролите се прават еднаш годишно.

Сепак, одредени фактори на ризик (висок Глисонов збир, висок стадиум на болеста и др.) ќе ја одредат и честотата на контролите кај секој пациент одделно.

За честотата на контролите одлучува онкологот.