• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да го намалиме ризикот од создавање на камен во бубрегот? Печати

Промена на животните навики

Ризикот за настанување на бубрежните каменчиња можеме многу да го намалиме доколку ги промениме своите животни навики. Еве неколку совети како можеме да си помогнеме и да го зачуваме здравјето.

Во текот на денот пијте доволно течности, особено вода - Пијте повеќе вода во текот на денот. Лекарите им препорачуваат на лицата кои имаат позитивна анамнеза на бубрежни каменчиња (претходно имале бубрежни каменчиња) да мочаат околу 2.5 литри мочка дневно. Луѓето кои живеат во топлите и сувите краишта и лицата кои често и интензивно вежбаат, треба да пијат многу повеќе вода, за да не дојде до создавање на концентрирана мочка, која е фактор на ризик за таложење на кристалите и стварањето на бубрежните каменчиња.

Јадете помалку храна богата со оксалати – Ако сте склони кон создавање на каменчиња од калциумов оксалат, лекарот ќе ви препорача да го намалите внесот на храна богата со оксалати. Тука спаѓа: цвекло, бамја, спанаќ, блитва, сладок компир, чај, чоколада и производи од соја.

Намалете го внесот на сол и белковини од животинско потекло - Ако јадете храна богата со белковини (месо, пилешко, риба), повеќе сол или шеќер, вашиот ризик за стварање на некои видови на бубрежни каменчиња е поголем. Намалете ја количината на солта во исхраната и јадете повеќе белковини од растително потекло. Ваквата исхрана може да ги намали шансите за настанувње на бубрежни каменчиња.

Продолжете да јадете храна богата со калциум, но бидете вниматели при примена на додатоци на исхраната кои содржат калциум – Калциумот од храната која ја консумираме нема да влијае на ризикот од бубрежни каменчиња. Продолжете да јадете храна богата со калциум, доколку лекарот не ви каже поинаку. Но, пред да започнете да земате суплементи на калциум, посоветувајте се со вашиот лекар, бидејќи консумирањето на калциумови суплементи се поврзува со зголемениот ризик од бубрежни каменчиња.

Најдобро е да се консултирате со нутриционист, кој правилно ќе ви ја испланира исхраната.