• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Маслиновото масло го продолжува животниот век

Екстра девственото маслиново масло е богато со незаситени масни киселини и антиоксиданси, па може да помогне во спречувањето и превенцијата на кардиоваскуларните болести, дијабетот, одредени видови на тумори, како и во нивното лекување.

Девственото маслиново масло е многу здраво бидејќи содржи во себе многу корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси. Поради тоа, на маслиновото масло, му се препишуваат и антиканцерогени својства.

Постојат студии кои покажале дека маслиновото масло им помага на пациентките со рак на дојка. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2, кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници.

Маслинките се добри против стресот и против настинките. Со нивното конзумирање се намалуваат вредностите на LDL холестеролот, се јакнат срцето и крвотокот, се активираат жолчката и црниот дроб, организмот се ослободува од отрови, се намалува крвниот притисок и се ублажуваат ревматските болки.

Од неодамна е откриена уште една корисна состојка на маслиновото масло - екстрактот флавоноид, или олеуропеин, кој му го дава горчливиот вкус. Оваа супстанција содржи значаен спектар на полифеноли, кои ги сузбиваат и неутрализираат слободните радикали во организмот.

Една мала лажичка, 3 до 4 пати дневно, на празен желудник, е одличен лек за слабо подвижните, крути зглобови, за лошото варење, за запек, за болести на црниот дроб и на желудникот, но и за многу други заболувања.

Сите медитерански кујни не можат да се замислат без употреба на маслиново масло.

 

Прочитајте и: