Стадиуми на ракот на жолчното ќесе |
![]() |
Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели. Стадиуми на ракот на жолчното ќесе: I стадиумВо овој стадиум ракот е ограничен на внатрешните слоеви на жолчното ќесе. II стадиумВо овој стадиум ракот е проширен на надворешниот слој на жолчната ќеса и може да ги зафати соседните органи како што се црниот дроб, желудникот, цревата или панкреасот. Ракот во овој стадиум ги вклучува и помалку опсежните тумори, кои се прошириле на некои лимфни јазли. III стадиумВо овој стадиум ракот зафаќа повеќе соседни органи или порталната вена или хепатичната (црнодробна) артерија. IV стадиумНајдоцниот стадиум на ракот на жолчното ќесе ги вклучува туморите со секаква големина, кои се проширени во оддалечените делови на телото, односно тука спаѓа метастатскиот рак на жолчното ќесе. |