• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Благиот компир - богата ризница на витамин А

Витамин А е еден од четирите витамини растворливи во масти, кои се неопходни за добро здравје. Тој има важна улога како антиоксиданс со тоа што го превенира оштетувањето на клетките од слободните радикали.

Соодветни количини на витаминот А се важни за добар вид. Намалениот вид навечер е еден од првите симптоми за недостаток на овој витамин.

Витаминот А, исто така, е неопходен за правилна функција на имунолошкиот, скелетниот, респираторниот и репродуктивниот систем, како и на сврзното ткиво (кожа, коса и нокти).

Симптомите на дефицит на витамин А, вклучуваат: намален апетит, намалена функција на имунолошкиот систем со чести инфекции (особено респираторни), опаѓање на косата, осипи, сува кожа и очи, проблеми со видот вклучувајки и ноќно слепило, намален раст и замор. Обично симптомите се појавуваат после подолготраен дефицит на витамин А. Луѓе со нормално здравје и исхрана имаат значителна резерва витамин А.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) во светот годишно умираат околу 250 000 лица од сериозни заболувања кои се јавуваат како последица на недостаток на витамин А. Дури двојно повеќе лица го губат видот, велат од Светската здравствена организација.

„Решението за недостатокот на витаминот А е во јадењето на благи компири. Еден благ компир дневно обезбедува доволно количество витамин А“, изјавуваат истражувачите.

 

Прочитајте и: