• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со јогурт против дебелината

Со додавање на јогуртот во исхраната се забрзува губитокот на телесната тежина и се намалува обемот на стомакот. Бројни истражувања покажале дека исхраната со намалено внесување на калциум доведува до побрзо дебелеење, бидејќи масните клетки стануваат поголеми и помасни.

Научниците докажале дека дебелите лица, кои воведуваат три оброци со јогурт без масти, губат 25% повеќе тежина и 60% повеќе телесна маса, отколку лицата кои не внесуваат доволно калциум со исхраната. Лицата кои пијат јогурт губат 81% повеќе масти од стомакот, отколку лицата кои не пијат јогурт.

„Со внесување на јогурт во организмот внесуваме калциум, кој го намалува излачувањето на хормонот кортизол, што овозможува слабеење. Аминокиселините помагаат во согорувањето на масните наслаги“, изјавил Dr. Michael Zemel, професор по нутриционизам.

Јогуртот претставува многу хранлива намирница, но треба да се биде претпазлив при изборот на јогуртот. Јогуртот со додатни пробиотски култури е здрав, но дозволената дневна количина од овој јогурт е 250 милилитри (една чаша), освен ако не сакате некои посериозни стомачни проблеми. Од овој јогурт може да земете само една чаша, а останатите две чаши би требало да бидат од обичен јогурт, без додатоци.

Јогуртот содржи и доста белковини од животински потекло, како и некои витамини и минерали. Доколку водите сметка за својата телесна тежина, или имате проблем со нивото на холестеролот во крвта, може да се определите за јогурт со помалку масти.

 

Прочитајте и: