• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Морската храна - сојузник во борбата со вишокот килограми

Доколку сакате да изгубите неколку килограми и да го сочувате своето здравје, тогаш морската храна е вашиот вистински сојузник. Затоа, нека морската храна се најде почесто на вашата трпеза.

Туната, лососот, сардината и другите морски плодови се намирници кои изобилуваат со омега - 3 масни киселини, за кои е докажано дека помагаат во намалувањето на масните наслаги, особено во пределот на стомакот. Исто така, морската храна ја намалува можноста за развој на воспаление, промени на нервите и на целиот нервен систем.

Истражувањата покажуваат дека лицата кој јадат риба два пати неделно, поефикасно ги губат масните наслаги и без да ја менуваат вообичаената исхрана и стилот на живеење.

Лососот содржи многу масти, но тоа се здрави масти кои помагаат долго време да останеме сити. Но, сепак не треба да се претерува со консумирањето на лососот. Најдобро е да се изедат само две помали парчиња риба.

Морската храна, како што е лососот, скушата, туната и харингата ја подобруваат концентрацијата и помнењето.

 

Прочитајте и: