• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Идеална храна за спанковците

Ако тешко се будите наутро, денот треба да го започнете со овошје, мед и житарици, советуваат нутриционистите.

Организмот во текот на ноќта троши енергија, па затоа не смеете да го прескокнувате појадокот, кој е и најважен оброк во денот. Наутро пијте многу течности, а тешките намирници, како масните сирења, месото, месните производи, путерот, оставете ги за подоцна, препорачува Dr. Joachim Westenheffer, нутриционист од Хамбург. Тој нагласува дека секој од нас треба да појадува според својот внатрешен будилник, бидејќи не постои идеален оброк за сите луѓе.

Овошје и житарици за поспаните

Спанковците, т.е лицата кои доцна стануваат и тешко се будат, треба да јадат лесно сварлива храна со малку масти и доста јагленохидрати. Идеален појадок за нив е овошје, мед и житарици, чај или кафе со млеко.

Предлог:

Еден грејпфрут или два портокали, еден помал ананас, 40 грама житарици, мусли, две лажици пченични никулци, лажица мед, 100 милилитри витамински сок. Исецкајте го овожјето, помешајте го со житариците и никулците, прелијте го со сокот, засладете го со медот и добро измешајте го. Ако ова не ви е доволно, изедете и еден кроасан со чај или кафе со млеко.

 

Прочитајте и: