• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Уште еден корисен совет: Најсилни борци против вирусот на грипот Печати

Сезоната на грип полека го достигна својот врв, па секој корисен совет за зајакнување на имунитетот и ублажување на симптомите е добредојден.

Најсилни броци против вирусот на грипот се: црвениот кромид, лукот, лешниците, бадемите, црвените лути пиперки, благите компири, портокалите, морските плодови.

Кромид – стимулатор на имунолошкиот систем

Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа често се препорачува при настинки и грип, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања. Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.

Лук – природен антибиотик

Научникот Луј Пастер во 1858-та година потврдил дека лукот има антибактериски својства и бил применуван како природен лек против инфекциите, пред пронаоѓањето на антибиотиците.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања. Така на пример, супстанцијата алицин, која ја содржи лукот има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство.

Лешници и бадеми – ризници на антиоксиданси

Лешниците и бадемите содржат многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето на човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот.

Консумирањето на бадеми може да му помогне на организмот да се бори против вирусните инфекции, како што се настинката и грипот. Резултатите од најновото истражување покажале дека природната хемикалија, откриена во лушпата на бадемот, го стимулира имунолошкиот систем на телото да се бори против вирусните инфекции.

Истражувачите откриле дека лушпата на бадемот ја подобрува способноста на белите крвни зрнца да ги откријат вирусите, а исто така, ја зголемува и способноста на телото да го спречи разможувањето на вирусите и нивното ширење во организмот.

Но, има уште една добра вест. Истражувањето, исто така, покажало дека позитивното дејство на имунолошкиот систем продолжува и откога бадемите ќе се сварат во цревата.

Лутите црвени пиперки го јакнат имунолошкиот систем

„Болно“ лутите пиперки од кои лицето ви се зацрвенува и очите ви солзат имаат позитивно дејство врз здравјето на лицата кои ги консумираат, објавиле американските научници.

Црвените лути пиперки содржат големи количини на витамин Ц, дури повеќе од агрумите, а богати се и со витамин Б6, калиум, магнезиум и железо. Поради тоа, тие го јакнат имунолошкиот систем кај човекот, кој се бори против вирусите и бактериите.

Благиот компир – придоден извор на бета-каротин

Благиот компир содржи многу антиоксиданси. Тој содржи големи количини на бета-каротин, кој во организмот се претвара во витамин А, неопходен за нормалната функција на имунолошкиот систем.

Антиоксидансите од благиот компир ја намалуваат количината на слободните радикали, кои се создаваат во организмот, а кои ги оштетуваат клетките и ткивата. На тој начин го зајакнуваат имунитетот и спречуваат многу заболувања.

Сокот од портокал - витаминска „бомба“

Портокалот изобилува со витамин Ц, калиум, тијамин, фосфор, липонска киселина (витамин Б9) и витамин Б6. Богат е со бета каротин, моќен антиоксидант што ги штити нашите клетки.

Нутритивните состојки на портокалот го зајакнуваат имунолошкиот систем, Портокалот е ефикасен природен лек против настинките, грипот и другите видови на воспаленија.

Сокот на портокалот има јаки антивосплителни својства, кои особено се ефикасни во времето додека пустоши грипот, бидејќи ја лекува треската и го јакне ослабениот организам.

Морските плодови - најблагодарни намирници во превенцијата на грипот

Истражувањата покажуваат дека морските плодови се најблагодарни намирници во превенцијата на грипот. Тие го намалуваат ризикот од настанување на грипот за скоро 50%, и тоа благодарение на јаките антиоксиданси, минералите цинк и селен.

Цинкот го поттикнува стварањето на белите крвни зрнца во коскената срцевина и, истовремено, го поттикнува созревањето на Т – лимфоцитите, кои му се неопходни на организмот за да се одбрани од микроорганизмите.

Селенот во поголеми количества се наоѓа во раковите и школките, а тоа е елемент кој им помага на белите крвни зрнца да произведуваат цитокин – протеин кој помага при исфрлањето на вирусот на грип од телото. Лососот, скушата и харингата се богати со омега 3 масни киселини кои го намалуваат воспалението и ги штитат белите дробови од настинки и респираторни инфекции.