• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Franz Gabriel Alexander - 7 најтипични психосоматски заболувања Печати

Од многу одамна е познато дека стресот негативно влијае врз здравјето на човекот. Но, веројатно не сте свесни колку долгите негативни емоционални состојби, како што се лутината, гневот, бесот, тагата, и слично, особено ако се долготрајни, негативно влијаат врз вашето здравје.

Човечкото тело обично добро се справува со краткотрајниот стрес, но долготрајното акумулирање на стресот може да има сериозни последици по здравјето.

Franz Gabriel Alexander (22 јануари 1891 – 8 март 1964) , научник кој ја постави основата на психосоматската медицина, издвоил 7 најтипични психосоматски заболувања:

  • висок крвен притисок,
  • гастродуадален чир,
  • улцеративен колитис,
  • хипертироидизам,
  • бронхијална астма,
  • хроничен ревматоиден полиартритис,
  • невродерматитис.

Според некои теоретичари, одредени типови на луѓе се склони кон овие болести. Поточно, се верува дека луѓето, кои зависат од други, имаат поголема можност да заболат од улцеративен колитис и дека хипертензијата најчесто ги напаѓа оние кои ги поттиснуваат лутината и бесот,а кои навидум изгледаат смирено, додека астматичарите пасивно и се препуштаат на судбината.

Стресот влијае на нервниот, респираторниот, ендокриниот, кардиоваскуларниот, репродуктивниот, имунолошкиот систем. Стресот негативно делува дури и на системот за варење и на мускулноскелетниот систем.

Значи, следниот пат кога ќе почувствувате проблеми со срцето, дишењето или варењето на храната, запрашајте се колку сте изложени на стрес и не ја исклучувајте можноста дека стресот е главен виновник за вашите здравствени проблеми.