• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Одредување на стадиумот на ракот на жолчното ќесе Печати

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Одредување на стадиумот на ракот на жолчното ќесе

Кога лекарот ќе постави дијагноза на рак на жолчно ќесе, тој мора да го утврди и стадиумот на болеста. На тој начин се утврдуваат и прогнозата и можностите на лекување. Постапките со кои се утврдува стадиумот на ракот на жолчното ќесе се следниве:

Хируршки зафат – лекарот може да препорача хируршки зафат за да види дали ракот се проширил. Тој хируршки зафат се вика лапароскопија. Лапароскопијата е хируршка процедура со која се гледаат органите во абдоминалната празнина. Се прават мали резови во одредени точки на стомачниот sид и се влегува низ тие отвори со специјална камера (лапароскоп), при што се гледаат директно абдоминалните органи. При лапароскопијата може да се земе и дел од ткивото на заболениот орган за понатамошно патохистолошко испитување (биопсија).

Преглед на жолчните патишта – За преглед на жолчните патишта се користат следниве диајгностички постапки: ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP), kolangiopankreatografija pomoću magnetske rezonancije и перкутана трансхепатична холангиографија (PTC).

Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP)

Ова е дијагностичка процедура при која со специјален апарат и со помош на рендген се прикажуваат жолчните канали, жолчното кесе и каналите на црниот дроб и панкреасот. Со оваа дијагностичка метода може да се открие стеснување на каналите на различни нивоа, предизвикани од туморот. Понекогаш со истата метода можат да се разбијат и прошират стеснувањата и да се пласираат одредени цевчиња (стентови) со кои се решава проблемот на жолтилото, а често пати, и на болката. Исто така, за време на ова процедура може да се земе и парче за биопсија и за микроскопско испитување.

Биопсија - Биопсијата се зема со помош на тенка игла водена под ултразвук или за време на лапароскопската процедура, а редовно се зема при отворена хируршка интервенција. Со хистолошки преглед на материјалот земен со биопсијата се поставува дефинитивна дијагноза за карциномот на жолчното ќесе.

Магнетнорезонантна холангиопанкреатографија (MRCP) - неинвазивна имиџинг метода која го прикажува билијарнопанкреатичниот систем (жолчното ќесе со жолчните канали и панкреасот и панкеатичните канали. Оваа метода е со исклучителна сензитивност и специфичност во откривањето на билијарната опструкција, како и локализацијата на таа опструкција. Оваа метода им помага на хирурзите да оценат дали туморот е оперативен или не.

Перкутана трансхепатична холангиографија (PTC)

Ова е процедура во која со тенка игла се влегува преку кожата под ребрата во црниот дроб. Потоа се инјектира контраст и се снима црниот дроб и неговите канали со рендген. Доколку се наиде на блокада, се става тенка флексибилна туба (стент) преку туморот, со што се обезбедува дренажа на жолчката од црниот дроб во цревата. Доколку е невозможна внатрешна дренажа, се прави надворешна, со која жолчката се дренира надвор преку дренот во кеса. Оваа метода се користи единствено ако неможе да се изведе ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP).

Сите овие претходно наведени дијагностички постапки овозможуваат поставување на дијагноза, но и одредување на локалната проширеност на туморот. Исто така, се откриваат и присутните метастази во регионалните лимфни јазли и во абдоминалните органи.