• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Причини и фактори на ризик за ракот на жолчното ќесе (Carcinoma vesicae felleae) Печати

Лекарите знаат дека ракот на жолчното ќесе се создава кога ДНК на здравите клетки на жолчното ќесе ќе почне да се менува т.е. ќе мутира. Мутацијата на ДНК на клетките предизвикува нивен неконтролиран раст. Тие добиваат абнормална форма и остануваат да живеат наместо нормално да умрат. Ова неконтролирано и забрзано растење на клетките доведува до развој на тумор, кој може да ги зафати и околните ткива и органи (црн дроб, панкреас).

Причини за настанување на ракот на жолчното ќесе

Како и за сите други карциноми кои се јавуваат кај луѓето, така и за ракот на жолчното ќесе (Carcinoma vesicae felleae), причината или причините за неговото јавување не се познати.

Лекарите знаат дека ракот на жолчното ќесе се создава кога ДНК на здравите клетки на жолчното ќесе ќе почне да се менува т.е. ќе мутира. Мутацијата на ДНК на клетките предизвикува нивен неконтролиран раст. Тие добиваат абнормална форма и остануваат да живеат наместо нормално да умрат. Ова неконтролирано и забрзано растење на клетките доведува до развој на тумор, кој може да ги зафати и околните ткива и органи (црн дроб, панкреас). Сепак, лекарите не знаат која е причината за настанувањето на мутацијата на ДНК на клетките.

Повеќето тумори на жолчното ќесе започнуваат во клетките кои ја обложуваат внатрешната површина на жолчното ќесе. Ракот на жолчното ќесе, кој настанува во овој вид на клетки се вика аденокарцином (карцином на жлездените клетки). Аденокарциномот е најчест хистолошки тип на карцином на жолчното ќесе. Дури 90% од сите карциноми на жолчното ќесе се аденокарциноми.

Иако не се познати причините за настанувањето на ракот на жолчното ќесе, сепак постојат одредени фактори кои го зголемуваат ризикот за развој на овој вид на рак кај некои луѓе. Тие фактори се наречени фактори на ризик. Но, проблемот е комплексен. Сеуште не се познати сите фактори на ризик што може да доведат до развој на ракот на жолчното ќесе. Присуството на еден или повеќе фактори на ризик, не значи дека сигурно ќе дојде до развој на болеста. Заболуваат и лица кои немаат ниту еден фактор на ризик.

Фактори на ризик за рак на жолчното ќесе

Фактори кои можат да го зголемат ризикот од рак на жолчното ќесе се:

  • Пол - Ракот на жолчното ќесе е почест кај жените отколку кај мажите (4:1).
  • Возраст - Најчесто се јавува во 6-тата деценија од животот. Честотата на ракот на жолчното ќесе се зголемува со возраста.
  • Камчиња во жолчното ќесе – ракот на жолчното ќесе е најчест кај луѓето кои имале или имаат жолчни камења. Сепак, и кај нив ракот на жолчното ќесе е многу редок.
  • Други болести и состојби на жолчното ќесе - Други состојби кои можат да го зголеми ризикот од појава на карцином на мочниот меур жолчно сеЧ порцеланско жолчно ќесе, цисти на ducts choledochus (заеднички жолчен канал) и хронично воспаление на жолчното ќесе (холециститис) и на жолчните патишта (холангитис).