• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е рак на жолчна кеса? Печати

Ракот на жолчната кеса е исклучително редок. Се јавува најчесто после 65-тата година од животот и почесто кај жените (4:1) и најчесто кај пациентите со присутни каменчиња во жолчната кеса.

Настанувањето на ракот на жолчната кеса е тесно поврзано со присуството на камен и хронично воспаление на жолчната кеса. Во 80 - 90% од случаите на рак на жолчната кеса е најден камен во неа.

Ракот се развива во sидот или на вратот на жолчната кеса и брзо се проширува на црниот дроб. Ова малигно зболување има доста брз тек. Често пати се открива во понапреднати стадиуми, бидејќи почетните симптоми и знаци на болеста се неодредени, некарактеристични. Болеста може да започне со болки во пределот на црниот дроб, а не со болки во пределот на жолчната кеса.

Ракот на жолчната кеса тешко се дијагностицира, бидејќи во неговата почетна фаза не дава симптоми и знаци. Исто така, бидејќи се работи за орган кој е доста скриен, ракот на жолчната кеса често расте без да биде откриен.

Хистолошки, најчесто станува збор за аденокарцином, кој брзо се шири воглавно со инвазија на црниот дроб и тоа по трансперитонеален, лимфатичен и венски пат.