• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Проблемот кај мастите ги создава хидрогенацијата

Хидрогенација е постапка на стврднување на маслата (течни триглицериди). При оваа постапка, која се изведува при висока температура (260°C) и со катализатори (никел и платин), се додава водород. На тој начин настанува нова хемиска структура (хидрогенизирана маст) која на собна температура има тврда конзистензија. Просечно содржи 15-25% транс масни триглицериди во молекулата. Човечкиот организам неможе да ги препознае овие транс масни киселини и неповолно реагира на нив.

Хидрогенизираната маст се користи за изработка на тврд маргарин, кој се пакува во коцки и се користи во домаќинството. Овој маргарин содржи најмногу транс масни триглицериди (19 - 49%).

Печените производи од масно тесто се најбогати со транс масни киселини, па за жал, излегува дека, на пример вкусните и атрактивни кроасани, во поголеми количини се штетни.

Храната пржена во фритеза е, исто така, богата со транс масни киселини. Маслата за готвење, кои дедлумно се хидрогенизирани, содржат 1-13% транс масни киселини. Значи, маргарниот не е единствена намирница со транс масни триглицериди. Сите намирици кои во себе содржат хидрогенизирани или делумно хидрогенизирани масти, имаат во себе повеќе или помалку транс масни киселини.

Веднаш се поставува прашањето: Која е целта на хидрогенизацијата на мастите? Хидрогенизацијата на мастите овозможува нивно подобро одржување (во однос на течните масла), полесно пакување и подобар вкус.

Може ли хидрогенизацијата 100% да се контролира?

По правило не може, бидејќи за тоа воглавно не постојат адекватни технички средства, поготово ако се штеди на скапи катализатори, ако осцилира работната температура (260°C) и притисокот. Токму затоа и количината на транс масните киселини варира во финалниот производ.

Транс масните киселини предизвикуваат апсолутно пореметување на метаболизмот на холестеролот, а тоа пореметување создава добра подлога за развој на атеросклероза.

 

Прочитајте и: