• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Тераписки опции кај карцином на анус - Лист 3 PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Тераписки опции кај карцином на анус
Радиотерапија
Хемотерапија
Сите страници

Хемотерапија во третман на кацином на анус

Хемотерапијата има важно место во третманското водење на карциномот на анусот. Кличките искуства покажале дека одредени цитостатици имаат ефикасност во третманот на карциномот на анусот. Ефикасни цитостатици за овој малигном се: 5-fluorouracil, mitomycin, cisplatin, bleomycin, doxorubicin и vincristin.

5-fluorouracil-от е најчесто коритен цитостатик, и се применува или како монотерапија или во комбинација со други цитостатици, најчесто со mitomycin.

Хемотерапијата во лекувањето на аналниот карцином се применува комбинирано со радиотерапијата и тоа или истовремено со радиотерапијата или одвоено.

Експерименталните сознанија за постоењето на синергизам помеѓу 5-fluorouracil-от и радиотерапијата, за прв пат во практиката биле применети при третман на аналниот карцином.

Комбинираната радиохемотерапија во почетокот била применувана предоперативно, а набрзо станало очигледно дека ваквата комбинирана терапија доведува до значително намалување на туморот, со што се овозможува поконзервативна (попоштедна) хируршка интервенција. По ова, бројни студии ја потврдиле ефективноста на комбинираната радиохемотерапија во лекувањето на аналниот карцином, што довело до тоа да радиотерапијата го завземе местото на примарен третман во однос на хирургијата.

Успехот на ваквиот комбиниран третман, поттикнал низа дилеми. На пример, некои автори сметаат дека со примена на модерните радиотераписки техники и постапки на планирање и заштита, можно е да се оствари идентично ниво на контрола на туморот и должината на преживувањето.