• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Тераписки опции кај карцином на анус PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:41
Индекс на артикл
Тераписки опции кај карцином на анус
Радиотерапија
Хемотерапија
Сите страници

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентот, неговата општа состојба и други фактори. Секој пациент треба да се разгледува одделно и да се избере најдобрата тераписка опција за него.

Расположиви тераписки опции за карциномот на анусот се:

  • хируршки третман,
  • радиотерапија,
  • хемотерапија.

Кој од овие тераписки опции, или нивна коминација, ќе се примени, зависи од сите претходно наведените фактори.

Хируршки третман

Хирургијата има важна улога во третманот на карциномот на анусот.

Промените локализирани во перианалната регија и на аналниот раб се третираат како карциномите на кожата на другите регии на телото. Се применува локална ексцизија при која се отстранува туморот во целост со т.н. манжетна, што подразбира отстранување на дел од околната здрава кожа со широчина од 1 cm сметајќи од работ на туморот. Ова е сигурносна граница.

Само малите (до 2 cm), површни, добро диференцирани (низок градус) тумори на аналниот канал се погодни за третман со локална ексцизија со која се зачувува аналниот сфинктер (мускулот стегач на анусот). При ваков третман, појавата на локалнорегионален релапс (рецидив) е честа и се јавува кај 40% од случаите. Причината за ваквиот висок процент на локорегионални рецидиви може да биде несоодветната селекција на пациентите, но и фактот дека лимфогеното метастазирање се јавува дури и при вака мали тумори. Во најголемиот број на случаи, резултатите од локалната хируршка интервенција се незадоволителни.

Најчесто применувана оперативна интервенција при лекувањето на аналниот канал е абдомино перинеалната ресекција (АПР). Постојат извесни разлики во постапката на абдомино перинеалната ресекција при третман на аналниот карцином и абдомино перинеална ресекција при лекување на тумори локализирани во задното црево (ректум). Така, при операција на карциномот на аналниот канал, особено внимание се посветува на т.н. „чистење“ на просторот под карличниот под. При оваа радикална хируршка интервенција се спроведува и отстранување на регионалните лимфни јазли, при што вообичаена е ексцизија на параректалните и хемороидалните лимфни јазли. Хируршкото отстранување на оптураторните и хипогастричните лимфни јазли нема влијание врз подобрувањето на преживувањето, така да тие не се оперативно отстрануваат. Абдомино перинеалната ресекција е ефективен третман кој е поврзан со мал оперативен ризик, но и со можност да во текот на интервенцијата се оштетат карличните симпатикусни нервни влакна. Доколку дојде до нивно оштетување, кај пациентот се јавува пореметувања на генитоуринарната функција. Поставувањето на трајна колостома, исто така, е честа причина за појава на сериозни психолошки и социјални проблеми кај пациентите. Колостомата е хируршка процедура која го поврзува дебелото црево со предниот абдоминален sид. Овозможува да се исфрат отпадните материи од организмот.