• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Фактори на ризик за настанување на жолчни камења Печати

Каменот во жолчната кеса е доста често заболување. Најчесто се јавува кај лица помеѓу 30 и 60 годишна возраст, но може да се јави и кај помлади, па дури и кај деца. Одреден број на луѓе имаат латентен камен во жолчната каеса. Тоа значи дека тие немат никакви симптоми, немаат напади на болка и го носат каменот целиот свој живот. Истражувања покажуваат дека каменот во жолчката е почест кај жените отколку кај мажите.

Фактори на ризик за создавање на жолчни камења се:

  • женски пол,
  • возраст - 60 или повеќе години,
  • прекумерна тежина или дебелина,
  • бременост,
  • консумирање на масна храна,
  • консумирање на храна со многу холестерол,
  • консумирање на храна сиромашна со растителни влакна,
  • позитивна фамилијарна историја (генетска предиспозиција),
  • шеќерна болест,
  • ненадејно губење на тежината,
  • лекови за намалување на холестеролот,
  • лекови кои содржат естроген, како на пример лековите за хормонската терапија.