• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Кефир - вкусен и здрав млечен напиток

Кефирот е здрав и вкусен пробиотски млечен напиток, кој од дамнешни времиња го користат жителите на Кавказ. Поради своите благотворни својства го нарекуваат еликсир на младоста и долговечноста или дар од боговите. Домашниот кефир се прави со користење на печурката кефир. Кефир всушност е симбиоза од бактерии и честички на млечни масти.

Кефирот има остар освежителен вкус и лесно се вари во цревата. Сличен е на јогуртот, бидејќи се добива на сличен начин. Но, за добивањето на кефирот се користат други млечни култури на бактерии, кои му го даваат на кефирот неговиот карактеристичен вкус, кој е различен од оној на јогуртот.

Кефирот е нискокалоричен напиток, кој не дебелее. Затоа често им се препорачува на дебелите лица кои се на диета за намалување на килограмите, Исто така, им се препорачува и на лицата кои имаат нередовно празнење на столицата и други проблеми со дигестивниот систем.

Кефирот е одличен напиток кој ги зајакнува коските. Особено им се препорачува на децата и на жените во менопауза, бидејќи ги зајакнува коските и е природен лек за превенција и лекување на остеопорозата. Кефирот го зајакнува имунитетот, штити од инфекции, настинка и грип.

 

Прочитајте и: