Лековитоста на чајот од липа |
Липата е лековита билка. Содржи слуз, танини и флавониди. Од неа се прави вкусен и лековит чај. Се користат цветовите на липата, кои имаат пријатен мирис. Чајот од липа е особено корисен при настинка и грип т.е. при воспаление на дишните патишта (воспаление на синусите, засипнатост, воспаление на грлото, бронхит). Тој делува дијафоретично односно го поттикнува потењето и ја смирува надразнетата слузница на дишните патишта. Го разводнува густиот секрет во дишните патишта и на тој начин помага полесно да се искашла. Со оглед на тоа што чајот од липа има е благ седативен ефект, често се препорачува и при нервоза, стрес и несоница. Чајот од липа може да се користи и за правење на облоги, при иритација или алергиски воспаленија на кожата. Начин на приготвување: 2 лажички цветови од липа се преливаат со 2 децилитри зовриена воа, се чека да отстои 15 минути со повремено мешање. Потоа се процедува и се пие засладен со мед и со лимонов сок. Чајот од липа има пријатен вкус и мирис, па често го пијат и здравите лица. |