• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Исхрана за време на доењето

Додека доите зголемена е потребата за калории. Разновидната и здрава исхрана во која уживавте во бременоста треба да продолжите да ја конзумирате и понатаму.

Доилките треба да внесуваат дополнителни 500 калории дневно, бидејќи во спротивно може да се намали количината и квалитетот на млекото. Исто така многу е важно и внесувањето на голема количина течности.

За успешно доење препорачуваме:

    • Разновидна и умерена исхрана
      Редовни оброци и редовно внесување на течности
      Доволно време за оброк во мир

За време на доењето забранети се диетите, бидејќи со намалено внесување на калории, во млекото преминуваат штетни материи од организмот. Диета планирајте откако ќе престанете да доите.

При изборот на храна најважно е секојдневно да внесувате храна од сите 5 групи: житарици, овошје, зеленчук, месо и млечни производи. Во споредба со исхраната за време на бременоста, за време на доењето зголемена е потребата за јаглехидрати. Во вашето мени треба да вклучите:

    • Овошје - најмалку два пати дневно: банани, јаболки, кајсии, овошни сокови, компоти или суво овошје
      Зеленчук - најмалку два пати дневно: зелен лиснат зеленчук, моркови, краставици, пиперки, спанаќ, домати, тиквички...
      Млеко и млечни производи за доволна внесување на калциум.
      Морска риба и јодирана морска сол за доволно внесување на јод.
      Јајца
      Немасно месо за доволно количество на железо
      Интегрални житарици, овесни снегулки, хељда, просо, сусам, грав, како и разновидни јаткасти плодови за доволно внесување на железо, витамин Б и магнезиум.

Течности

За време на доењето треба да се внесува околу 3 литри течности дневно. По секое доење се препорачува да се пие чаша течност. Добри пијалоци се:

    • Вода, минерална вода;
      Рстителни и овошни чаеви: на пр. чај од коморача, анасон и ким кои го поттикнуваат создавањето на млекото
      Овошни сокови (свежи или мешани со вода) или лимонада

Додека доите избегнувајте:

    • Сокови со вештачки засладувачи
      Чаеви, кафе и други пијалоци кои содржат кофеин. Детето внесува кофеин преку мајчиното млеко и може да стане вознемирено и нервозно. Кофеинот може да предизвика грчеви и болки во стомакот. Доколку не можете без утринско кафе, напијте се веднаш после доењето, за да се намали кофеинот во вашето тело до следниот подој.
      Алкохол: ако ги слушате вашите баби и пиете пиво за зголемување на лактацијата, пијте до 2 дцл, веднаш после доење. Немојте да уживате во алкохолот секојдневно.
      Чајот од нане избегнувајте го, бидејќи ја намалува лактацијата.

Доколку вашето дете реагира чувствително на одредена храна, најдобро е некое време да ја исфрлите од исхраната. Храна која може, но не мора да предизвика проблем кај детето , како што се грчеви, болка во стомакот и црвенило на газот се:

    • Цитрусните плодови и други кисели намирници: (ананас, киви, оцет, домати). Некои мајки приметиле дека при конзумирање на портокали, киви или лимон, газето на бебето се вцрвенува. Обидете се да го исфрлите цитрусното овошје на одреден период од вашата исхрана, за да видите дали тие се причина за црвенилото кај вашето дете.
      Грав, зелка, кељ, кромид, праз. Кај многу бебиња овие намирници предизвикуваат грчеви. Бебињата после цицање плачат, додека не успеат да го сварат млекото во нивниот организам. Карфиолот и брокулата се полесно сварливи и ретко создаваат такви проблеми. За да ја намалите можноста од грчеви кај бебето при готвењето користете зачин како што е коморача.
      Какао и чоколада: Исто како и кафето и пијалоците со кофеин и чоколадата може кај некои бебиња да предизвика грчеви.
      Лути зачини: чили, папар, лук, можат да предизвикаат црвенило на газето или да го променат вкусот на мајчиното млеко и бебето да не сака да цица.

Имате ли малку млеко?

Одредена храна ја поттикнува лактацијата, но пред се за доволно млеко да имате најважно е да внесувате многу течности, треба да бидете смирени, да обезбедите мирен сон, како и често доење од двете гради.

    • Коморача и анасон се дел од составот во чаевите за долики, а помага и чајот од коприва.
      Сусам
      Житарици, просо, зоб и јачмен
      Бадеми и останати јаткасто плодови (внимателно со оревите, бидејќи тешко се варат и кај некои бебиња можат да предизвикаат грчеви)
      Пивски квасец

За доењето неповолно влијае:

    • Недоволно внесување на храна и течност
      Стрес, нервоза
      Пушење
      Чај од нане

Преземено од www.ringeraja.mk.

 

Прочитајте и: