• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здрава исхрана на децата

Како и во сите годишни времиња така и во зимскиот период, децата треба здраво да се хранат заради нивниот здрав раст и развој, но и заради заштита од разни вирус и бактерии кои го атакуваат детското тело.

Секако сега децата повеќе престојуваат во затворени простории, па веројатноста од вирусни и бактериски инфекции е зголемена. Со помош на здравиот начин на исхрана кој треба да е застапен како дома така и во предучилишните установи и во училиштата, заштитата од овие инфекции е најголема, па ќе ја потврдиме Хипократовата мисла : Нека храната Ви биде лек, а лек нека Ви биде Вашата храна.

Погрешно е мислењето дека свежите плодови се дефицитарни во овој период од годината. Мудроста на природата е неограничена, па во овој период ни ги дарува високоенергетските-скробести плодови. Доказ за тоа се присутните зеленчуци во вид на различни корени (морков, цвекло, секаков вид на трупки), зимска зелка, брокула, карфиол, спанаќ, а од овошјата: јаболки, дуњи, круши, мушмули и јужното овошје (портокали, лимони, банани) Како што веќе кажав големото присуство на свежи овошни и зеленчукови плодови но и суви овошја ( смокви, урми, сливи, кајсии, суво грозје, брусници и сирови јаткасти плодови како ореви, бадеми, лешници, семки од тиква, семки од сончоглед се висококвалитетни, полни со енергија, витамини, минерали, ензими - борци за здравјето на децата. Во текот на денот треба да се конзумира 1 рака од овие јаткасти и суви овошни плодови. Со секојдневно користење на овие плодови обезбедуваме висококвалитетна и високоенергетска храна која само оди во полза на здравјето на децата.

Срамежливото сонце во есенските денови не ни овозможува доволно Д витамин кој е од суштинско значење за апсорпција на Ца кој е составен дел на запчињата, коските. Затоа конзумирање на 1 лажица рибино масло наутро ќе овозможи добра апсорпција на овој витамин кој исто така го има многу и во сировите јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) и сировите семки од тиква, сончоглед, лен, интегрален сусам, касија...

Добро е 2 - 3 пати во неделата да се приготвува риба, за ручек или вечера со што сме ги обезбедиле децата со Д витамин и Омега 3.

Често пати велам дека здравјето низ уста влегува, а за жал болестите многу побргу, кога не се грижиме за тоа што се јаде, кога, како и колку? Имунитетот на децата во овој период е за жал на многу ниско ниво, заради неконзумирање на свежо овошје и зеленчук, а премногу конзумирање на процесуирани храни како зимници: ајвари, туршии...

И во овој зимски период на децата трба да им се нуди свежа храна (овошје и зеленчук, јатки) а пред се да пијат вода. Антиоксидантите – најголемите заштитници на нашето здравје (витамини, минерали, ензими) се наоѓаат во свежата храна. Денот на децата треба да им почне со свежо овошје и вода или свежо цеден сок, а со ручекот (вечерата) задолжително да им биде присутна свежа салата. Десерт да бидат: костени, тиква, пченка (печени или варени), пуканки.

Дневниот внес на храната секогаш треба да биде урамнотежен, без оглед на годишното време. Најзастапене храна ( околу 70%) требе да се јаглехидратите ( овошје, зеленчук, тестенини, леб, житарки, компир, костен, тиква...) а помалку (15%) протеини: месо, млеко, млечни продукти, риба, јајца, соја, и 15 % маснотии ( најдобри се оние во сировите семки и јаткастите плодови. Е, тука треба да се размислиме дали овој нормален сооднос на јаглехидрати, протеини и маснотии е застапен во исхраната кај децата. За жал исхраната кај децата се состои повеќе од протеини од животинско потекло. Родителите мислат дека протеинската храна ( месото, млекото и млечните продукти) се јака храна а таа истата тешко се метаболизира па носи голем број на здравствени проблеми кај децата. Витамините, минералите, ензимите ги добиваме доволно ако е повеќе застапена свежата и здрава непроцесуирана храна.

Совети кои од срце Ви ги препорачувам:
  • Дајте им на децата да пијат вода, во водата има живот, 2/3 од животот на Земјата е под вода, во водата гранката пушта корени, во водата семето 'рти. Дали ова се случува во некоја друга течност?
  • Дајте им на децата да јадат овошје- изворот на енергија. Овошјето не е десерт туку основа на нашата исхрана.
  • Дајте им на децата да јадат зеленчук. Не дозволувајте детето да го помине денот без свеж зеленчук, најголемиот извор на минералите.

Природната храна е единствен чувар на здравјето на децата. Дружењето со водата, овошјето, зеленчукот нема да дозволат да се дружите со амбулантите, аптеките, болниците.

Преземено од www.ringeraja.mk.

 

Прочитајте и: