• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Храна за зголемување на плодноста

Менувањето на навиките во исхраната може да ја подобрат плодноста. Прочитајте што велат експертите.

Не постои одреден вид на храна која со сигурност одредена личност ќе направи да биде плодна. Но, навиките за јадење имаат нежно, а сепак силно дејство врз сите органи во телото, вклучувајќи го репродуктивниот систем.

Основи на добрата исхрана

Доколку сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволно количество на витамин Е. Добри извори се: цели зрна житарици, брокули, ореви, квасец, зелен лиснат зеленчук и соја.

  • Витамин А - Добри извори се: брокули, зелка, кељ, карфиол.
  • Витамин Ц - Добри извори се: брокули, зелка, кељ, карфиол, портокали.
  • Витамин Д - Добри извори се млечни производи и лососот.
  • Калциум - Добри извори се соја, брокули, млечни производи, лососот.
  • Железо - Добар извор се зелен лиснат зеленчук.
  • Цинк - Добар извори се квасец, семки, соја.
  • Фолна киселина - Добар извор се зелен лиснат зеленчук, цели зрна житарици, квасец, соја, цитрусни плодови.
  • Есенцијални масни киселини - Добар извор се растителните масла и рибата.

Најважното нешто кое треба да го знаете за витамините и минералите е дека тие најдобро се апсорбираат и се користат од страна на телото во нивната оригинална форма или во форма на храна, а не во форма на таблети или дополнување. Исто така, преку таблетите можно е да внесете прекумерни количини кои повеќе ќе наштетат, отколку да бидат од помош. Единствениот исклучок од ова правило е фолната киселина за жените кои треба да ја земаат во форма на таблетки или додаток на исхраната (800 микрограми дневно) доза со исхраната, бидејќи постои силна врска помеѓу фолната киселина и неутралните дефекти при раѓање.

Храна која треба да се избегнува

Еве кратка листа на работите кои треба да се избегнуваат доколку сакате да забремените: алкохол, вештачки засладувачи, боја за храна, ѓумбир и производи од ѓумбир, тоник (пијалок), кофеин (чоколада, пијалоци, кафе, чај), натриум глутаминат и други адитиви, недоволно варена и неварена храна, диети – особено оние рестриктивните, аспирин и други лекови против болки. Антихистаминик и сите останати лекови кои вашиот гинеколог не ги одобрил, некои орални антибиотици.

Преземено од www.ringeraja.mk.

 

Прочитајте и: