• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Маслото од семките на грозјето е многу здраво

Маслото добиено од семките на грозјето е многу здраво и треба почесто да се кориси во секојдневната исхрана. Готвачите често го користат поради неговиот немасен и благ вкус. Одличен е за приготвување на салати и преливи, но и за готвење.

Маслото од семките од грозјето благотворно делува на нашето здравје, бидејќи содржи високи концентрации на антиоксиданси, витамин Е и омега-6 масни киселини. Го спречува згрутчувањето на крвта, настанувањето на хипертензијата предизвикана од вишокот на натриум, помага во нормализирањето на лезиите кои се јавуваат поради дебелина и шеќерна болест, го зголемува нивото на добриот холестерол, а го намалува нивото на лошиот холестерол. Штити од кардиоваскулатни заболувања, од срцев и мозочен удар и го зајакнува имунитетот.

Бидејќи содржи високи концентрации на витамин Е, маслото од семките на грозјето е многу добро за одржување на здравјето на кожата. Го забавува старењето на кожата, има регенеративни својства и го намалува создавањето на стриите. Богато е се антиоксиданси, па затоа е идеално за нега на чувствителната кожа. Бидејќи нема мирис и боја, одлично е за масажа на кожата. Големата концентрација на незаситените масни киселини и антиоксидативните својства ја влажнат и хранат кожата и ги отстрануваат слободните радикали, кои ја оштетуваат и го поттикнуваат нејзиното стареење.

 

Прочитајте и: