• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лековитоста на маслото од семките на тиква

Маслото добиено од семките на тиквата има многу пријатен вкус. Може да се користи за салати, за готвење, за припремање на пецива и колачи. Маслото од тивка содржи многу еенцијални незаситени масни киселини, кои се неопходни а нормалното функционирање на организмот. Богато е со протеини, витамини и минерали. Ги содржи витамините: A, Б, Б2, Ц, Д, Е и К и минералите: фосфор, железо, магнезиум и цинк.

Маслото од тивка го штити организмот од инфекции, го јакне имунолошкиот систем, го зајакнува срцето и крвните садови, го намалува нивото на триглицеридите во крвта, го зголемува нивото на „добриот“ холестерол.

Може поволно да делува при зголемен крвен притисок, при срцеви заболувања, тешкотии при мочањето (кај зголемена простата), дијабет, ревматизам, остеопороза и различни заболувања на кожата. Исто така, маслото од тиква ја зголемува количината и квалитетот на сперматозоидите, па поволно делува на плодноста кај мажите.

Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масни киселини и богати се со минерали, као железо, цинк, фосфор и селен, кои се јаки антиоксиданси.

Најважното лековито дејство на маслото од семки од тиква е подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите.

Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја подобрува и општата состојба на организмот.

Со грицкање на семки од тиква се внесуваат многу здрави хранливи материи: протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, витамини и минерали.

 

Прочитајте и: