• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Матичњак – природен лек за разни психички пореметувања Печати

Матичњакот е една од ретките билки која е истовремено и лековита и мирисна, украсна, зачинска, ароматична, медоносна и индустриска. Се одгледува во култура како лековита и ароматична билка, а во парковите како украсна билка.

Целата билка, а особено кога ќе се изгмечи, дава јак, многу пријатен мирис, кој потсетува на лимон, па затоа е позната и како „лимон-трева“ („lemon balm“). Вкусот е ароматичен.

Матичњакот е природен лек, кој се препорачува за лекување на хистерија и хипохондрија.

Често се користи за закрепнување после стресни ситуации, при депресија, а помага и при нередовни менструации, кои се јавуваат како последица на стрес.

Чајот, исто така, помага при главоболка, која е предизвикана од нервоза, како и при невротско повраќање.

Чајот од матичњак помага и при несоница предизвикана од замор или од психичка напнатост. Од матичњакот се прави и мелиса – тоник, кој служи за масажа, која помага во отстранување на телесниот и душевниот замор.

Од матичњакот се прави етерично масло, кое има многу пријатен мирис и се користи не само во фармацијата, туку уште повеќе и во индустријата на парфеми и во козметиката. Купка од етерично масло од матичњак помага за намалување на болката при невралгии и ревматизам и за релаксација на организмот.

Со еден збор, матичњакот позитивно влијае и на телото и на психата. Со својата пријатна арома предизвикува убави мисли, кои го потиснуваат чувството на депресија и анксиозност.

 

Најчитани текстови