• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здрав напиток од цикорија

Цикоријата (Cichorium intybus) е билка, чиј корен може да се испече и сомеле и да се користи за подготвување на топол напиток. Цикоријата може да се користи како замена за кафе или чај, но за разлика од обичното кафе или чај, цикоријата не содржи кофеин.

Овој напиток се прави од испржен и сомлен корен од култивирана цикорија со крупен меснат корен, богат со инулин.

Бидејќи инулинот е полисахарид кој со хидролиза дава само левулоза (фруктоза или овошен шеќер), разбирливо е зошто кај нас, во народната медицина цикоријата ја користат дијабетичарите. Ова е сосама оправдано, бидејќи сите билки од фамилијата Compositae, а нив ги има многу, наместо скроб, како резервна храна, содржат инулин. Според тоа, лицата кои боледуваат од шеќерна болест можат да ги користат сите билки од ова фамилија, како диетална храна.

 

Прочитајте и: