• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Превенција и скрининг кај карциномот на анус PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:32

Бидејки не е позната причината за настанувањето на кациномот на анусот, како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста. Но, постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за развој на карцином на анусот. Сепак, присуството на еден или повеќе фактори на ризик, не значи и сигурно заболување од овој малигном. Исто така, заболуваат и лица, кои немаат ниту еден фактор на ризик.

Сепак, како превенција се наведува избегнување на оние фактори на ризик на кои може да влијаеме и да ги контролираме.

Така како фактори на ризик, на кои може да влијаеме се:

Престанок на пушење

Пушачите имаат неколку пати поголем ризик да заболат од карцином на анусот отколку непушачите.

Затоа, како превенција за настанување на карциномот на анусот, се препорачува престанок на пушењето.

Избегнување на практикување анален секс и повеќе сексуални партнери

Лица кои имале повеќе сексуални партнери или практикувале анален секс, се со поголем ризик за инфекција со HPV вирусот, а со тоа и за развој на карцином на анусот. Аналниот карцином е многу почест кај хомосексуалците.

Епидемилошките испитувања покажале дека ризикот за развој на карцином на анусот е поголем кај оние кои практикувале рецептивен анален секс, што сугерира за инфективната природа и етиолошката улога на еден или на повеќе агенси, кои се пренесуваат при сексуалниот однос. Пред се, тука се спомнуваат: инфекциите со Human papilloma -16 вирусот, Human papilloma -18 вирусот, херпес симплекс вирусот тип 2, како и ХИВ вирусот (вирусот на сида).

Затоа, треба да се избегнува практикување на анален секс, како и менување на повеќе сексуални партери, со што би се избегнала можната вирусна инфекција со HPV вирусот и другите вируси, за кои се смета дека го зголемуваат ризикот за настанување на карциномот на анусот.

Лекување на бенигните анални лезии

Некои бенигни лезии на анусот како што се: воспалителните заболувања на цревата и на анусот, хемороидите, аналните кондиломи, аналните фистули и лузни го зголемуваат ризикот од појава на анален карцином. Воспалението кое резултира од бенигните анални лезии, како што се хемороидите и аналните фистули, се смета дека може да е причина за зголемениот ризик за анален карцином.

Кондиломите се бенигни израстоци кои се јавуваат надвор од анусот т.е.на самиот анус и во долниот дел од аналниот канал. Кондиломите се предизвикани од инфекција со Human papilloma вирусот (HPV). Лицата кои имале кондиломи се со поголем ризик да развијат анален карцином.

Затоа, лекувањето на овие бенигни анални лезии, како и лекувањето на пропратните инфекции, може да го превенира настанувањето на карциномот на анусот.

Скрининг за рано откривање на карциномот на анусот

Лицата со било кои фактори на ризик за карцином на анусот би требале да се посоветуваат со лекар за тоа кога треба да почнат да доаѓаат на скрининг прегледи, кои тестови треба да ги направат и со која честота треба да ги прават контролните, скрининг прегледи.

Лекарот ќе предложи еден или повеќе од наведениве тестови, кои се користат за откривање на бенигните анални лезии, за откривање на карциномот или други абнормалности, дури и ако лицето, кое се тестира нема никакви симптоми.

Тие скрининг прегледи се:

  • Тест за присуство на скриена крв во столицата
    Се проверува столицата, бидејќи некогаш во неа може да се најдат мали количини на крв, кои не се видливи со голо око. Причина за микроскопска мелена (крв во столицата) може да бидат присутни бенигни лезии, или пак присутен карцином на анусот, кој е во почетен, ран стадиум.
  • Серија на рендгенски снимки на анусот и задното црево (ректум)
    На пациентот му се дава лаксатив, со цел да се испразни анусот и задното црево, а потоа се става бариумски контраст, кој го оцртува аналниот канал и задното црево и тие се визуализират на рендгенските снимки.
  • Дигитален ректален преглед
    Лекарот влегувајќи со прст преку чарот, ја испитува слузницата на аналниот канал и при тоа може да напипа присутни полипи или други абнормалности на слузницата.
  • Ендоскопски преглед на анусот и задното црево
    Погрешно е при крварење од чмарот да се лечат хемороидите, а да пред тоа не се направи ендоскопски преглед, бидејќи може да се превиди карциномот на анусот.
    Затоа, при постоење на крв во столицата, или кога при другите скрининг процедури се постави сомневање за можен карцином на анусот, потребно е да се направи ендоскопски преглед. Тоа е дијагностичка метода со која, преку ендоскоп, кој се внесува преку чмарот, се визуелизира слузницата на аналниот канал и на задното црево.
    Ова е прецизна дијагностичка метоа, која може да ги открие и малите лезии на слузницата.