• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да се бориме против хроничниот замор? Печати

Денешното темпо на живеење е многу брзо. Секојдневно имаме голем број на обврски, кои мораме да ги завршиме. За тоа ни е потребна енергија, но често пати ни недостасува и се чувствуваме уморни. Понекогаш е тоа хроничен замор, од кој тешко може да се ослободиме. Доколку постојано се чувствуваме уморни, треба да најдеме начин како да се ослободиме од уморот. Постојат неколку проверени и ефикасни начини.

Доволно квалитетен сон и одмор

Научниците веќе долго време предупредуваат на важноста на сонот, чиј недостатокот предизвикува бројни здравствени проблеми. За да се ослободиме од хроничниот замор потребен ни е квалитетен сон. Сонот го обновува организмот и му ја дава потребната енергија. Лекарите препорачуваат 7-8 часа спиење. Доколку навистина сакаме да се ослободиме од уморот, треба да легнеме порано и да станеме порано. Тоа треба да ни стане навика.

Сега е откриено дека и квалитетниот одмор игра важна улога во зачувувањето на здравјето. Dr. Matthew Edlund тврди дека одморот е еден од клучните елементи, кој на човекот му гарантира долг здрав и среќен живот. Според Dr. Edlund, одмарањето има многу важна улога во човековиот живот, иако често се занемарува. Одморот го обновува телото, но и овозможува и поквалитетен сон, па тоа го чини еден од клучните фактори за добро здравје.

Што е всушност одмор? Одмор дефинитивно не е излежување пред телевизор, како што многумина мислат. Додека гледаме телевизија, мозокот и понатаму забрзано ни работи. На човекот му е потребен активен одмор, како што е дружење со пријателите, концентрирано дишење и медитација. Таквиот вид на одмор гарантира добро здравје.

Секојдневна физичка активност

Вежбањето може да биде ефикасен третман против хроничниот замор. Тоа им помага на нашите мускули да се справат со поголемо оптеретување, го зголемува количеството на кислород во организмот, а со тоа се зголемува и нивото на енергијата. Физичката активност го јакне нашето тело, но и духот.

Недоволната мотивација е сигурно најчеста причина зошто луѓето не вежбаат доволно и редовно. Исто така, често ни е мотив за редовно вежбање само губитокот на вишокот килограми и добриот изглед на нашето телото, па затоа и не размислуваме за сите други предности кои ги дава редовното вежбање.

Кога ќе станеме свесни за сите предности на редовното вежбање, би ни било многу полесно да сватиме зошто е редовната физичка активност неопходна и нужна.

Вежбањето е вентил за ослободување на насобраната негативна енергија и фрустрација. Тоа секогаш ќе ни го подобри расположението. Без оглед на тоа дали сме бесни или тажни, вежбањето ни помага, бидејќи при тоа се ослободуваат одредени хемиски супстанции во мозокот, кои делуваат на расположението. Вежбањето ја јакне и самодовербата, која е уште еден чекор кон подобар и здрав живот.

Здрава исхрана

За да може да ги извршуваме нашите секојдневни активности (да се движиме, да работиме, да седиме, па дури и да спиеме) на нашиот организам му е потребна енергија, а за да ја добиеме таа енергија потребно е гориво. Исто како и на автомобилот, така и нам ни треба, од време на време, (3, па и повеќе пати во денот) да ги наполниме нашите „резервоари“ со гориво, а тоа е храната.

Правилната, здрава исхрана е од огромно значење за нивото на енергија во телото. Определете се за здрава храна, природни, свежо цедени сокови, повеќе вода.

Задолжително проверете ја својата крвна слика. Заморот може да доаѓа и од недостаток или вишок на елементи во крвта, па најдобро е прво да се провери дали е сè во рамките на нормалата.