• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Како делува куркуминот? Печати

Куркуминот е екстракт од коренот на билката „Curcuma longa“. Овој екстракт од коренот на куркума се покажал корисен во лекувањето и превенцијата на туморите, мултипната склероза и Алцхајмеровата болест.

Куркуминот:

  • ги штити клетките од слободните радикали преку различни механизми; „ин витро“ дури штити од смртни дози на радијација,
  • го стимулира имуниот систем во целина, како и локално,
  • го регулира растењето на „nuclear factor-kappa beta“ - (NFkB), фактор на раст на малигните клетки, а „ин витро“ ја инхибира пролиферацијата на малигните клетки во простатата,
  • го блокира естрогенот, хормон кој го стимулира растот на ракот на дојката,
  • ги инхибира COX и LOX, два воспалителни ензими кои се развиваат кај одредени форми на рак, како на пример кај ракот на дебелото црево,
  • има слично ниво на антивоспалителен ефект како аспиринот,
  • „ин витро“ ја индуцира апоптозата (природна смрт на клетките) на малигните клетки поефикасно од селенот, од витаминот А и Д3 и од зелениот чај,
  • „ин витро“ ја стопира пролиферацијата на малигните клетки во Стадиум 2,
  • помага во инхибиција на ангиогенезата (создавање на нови крвни садови, кои го хранат туморот),
  • има ефекти и во заштита од вируси и „ин витро“ ја спречува репликацијата на ХИВ вирусот во инфицираните клетки,
  • ја спречува абнормалната агрегација на тромбоцитите, која доведува до срцев удар.

Независните истражувачки студии покажале дека куркуминот поседува потенцијал за третирање на петте најчести карциноми во САД:

  • ракот на дебелото црево,
  • ракот на дојката,
  • ракот на простатата,
  • ракот на белите дробови,
  • ракот на кожата.
 

Најчитани текстови