• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Истражувачите го потврдиле огромниот напредок во успешноста на лекувањето на ракот на дојката Печати

Истражувањето спроведено на University of Texas го потврдил огромниот напредок во успешноста на лекувањето на ракот на дојката.

Според податоците од најновото истражување на научниците од „University of Texas“, пред 60 години жените со дијагноза на рак на дојка имале само 25% шанси дека ќе живеат уште 10 години. Моментално во САД, благодарение на квалитетните програми на прегледи и на новите терапии, шансите за 10 годишно преживување по поставувањето на дијагнозата на рак на дојка изнесуваат 76,5%.

Најмали шанси за преживување и понатаму имаат пациентките со метастатски рак на дојка, но и тие се зголемени од 3% на 22%.