• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Велика Британија: секоја осма жена ќе заболи од рак на дојка Печати

Во последните 10 години се зголемила честотата на ракот на дојката во Велика Британија, па може да се очекува дека ова заболување, во некоја фаза од животот, ќе погоди една од осум жени во оваа земја.

„Cancer Research UK“ објавил дека во 2008 година, ракот на дојката бил дијагностициран кај 47 700 Британки, а во 1999 година кај 42 400 Британки.

Во 1999 година биле дијагностицирани 120 случаи на рак на дојка на секои 100 000 жени во земјата, додека во 2008 година болеста се открила кај 124 жени на 100 000 Британки .

Според зборовите на експертите, до зголемување на бројот на заболените жени придонеле факторите поврзни со животниот стил, вклучувајќи ја консумацијата на алкохол, дебелината и намалувањето на бројот на новородените деца.

Најголем пораст на бројот на заболени жени (6%) бил забележан во возрасната група од 50 до 69 години, а најмал пораст меѓу оние на возраст од 25 до 49 години.

Сепак, од 1999. до 2008. дошло до 75%-но зголемување на бројот на жени со рак на дојка кои живеат повеќе д 10 години по поставувањето на дијагнозата.

Скоро 65% пациентки сега живеат повеќе од 20 години по поставувањето на иницијалната дијагноза на ракот на дојката.

Бесплатните прегледи им се на располагање на Британките постари од 50 години секоја трета година.