• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Дијагноза кај карцином на анус PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:34
Индекс на артикл
Дијагноза кај карцином на анус
Дополнителни испитувања
Сите страници

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања, инвазивни дијагностички процедури (за цитолошка и хистолошка дијагноза), радиоизотопски и ехотомографски испитувања.

Постојат првични и дополнителни дијагностички процедури.

Првични дијагностички процедури

Анамнеза и физикален преглед

При анамнезата, особено се обрнува внимание на присутните симптоми и знаци на болеста. Симптомите на аналниот карцином се слични со оние причинети од повеќе бенигни состоји, што често е причина за негово задоцнето дијагностицирање. Затоа, многу е важно лекарот да земе детални податоци за симптомите и знаците на болеста, за нивното времетраење, интензитет, како и анамнестички податоци за постоењето на некои предиспонирачки состојби на анусот. Податоците за крварење од анусот, непријатно чуство, јадеж, секреција и болка во анусот треба да го наведат лекарот да се посомнева за карцином на анусот.

По земањето на детална анамнеза, искусниот лекар може да се посомнева за постоење на карцином и да назначи и други, дополнителни испитувања, со цел да се постави точна и рана дијагноза.

По анамнезата следи внимателен физикален преглед. Физикалниот преглед започнува со инспекција на аналната регија. Раниот анален карцином акроскопски се манифестира како мало чворче слично на хемориодалните чворвчиеа. Со зголемувањето тој може да преминее во егзофитичен тумегакт или да има улцееро-инфилтративен раст. При инспекција на аналната регија, лекарот може да ги примети овие промени.

По внимателната инспекција на аналната регија следи дигиталниот аноректален преглед. Лекарот влегувајќи со прст преку аналниот отвор, може да напипа туморозна промена во аналниод sид, да ја одреди неговата локализација и проширеност. Болката често го отежнуа или дури го оневозможува прегледот, така што корисно е тој да се прави во анестезија. На тој начин ќе се овозможи подетално иследување на проширеноста на туморот, длабината на неговата инвазија, а исто така, и биопсирањето на промената е олеснето.

Кај пациентките е неопходен и вагинален преглед, со кој ќе се открие евентуалната зафатеност на ректовагиналниот септум и/или постоење на ановагинална фистула (комуникација меѓу анусот и вагината).

Биопсијата на промената е многу важна за поставување на дефинитивна патохистолошка дијагноза на туморот. Материјалот земен при биопсијата се испраќа кај патолог, кој ја одредува хистологијата на туморот, како и степенот на диференцијацијата (градусот). Ова е многу важно за одредување на адекватна терапија, која е индивидуална за секој пациент.

Лабораториски испитувања

Во рутински испитувања спаѓаат: крвна слика и седиментација. Покрај рутинските испитувања, потребно е да се испитаат и хепаталните ензими, алкалната и киселата фосфатаза, уреата, креатиннот и електролитите.

Радиографски испитувања

Аноректографија или рендгенско испитување со двоен контраст се прави со цел да се исклучи истовремено присуство на карцином на дебелото црево, особено во случаите на перианален M. Boven или M. Paget.

Ендоскопски методи (аноскопија и сигмоидоскопија)

Ендоскопските методи овозможуваат визуелно иследување во подрачјето на целиот анален канал и делот на дебелото црево. Тоа е најсигурниот, најдеталниот преглед на слузницата на анусот и на делот од дебелото црево и со овој преглед можат да се утврдат и ситни абнормалности и болести во најраните фази. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рендгенграфското испитување со двоен контраст и може да го открие карциномот на анусот уште во неговите рани, почетни стадиуми.

Подготовка на пациентот

Пред да се изведе ендоскопскиот преглед, на пациентот му се даваат упатства. Така, пациентот не смее ништо да јаде и да пие 6 часа пред прегледот. Пациентот треба да престане да зема лекови кои го зголемуваат ризикот од крварење, како што се на пример аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови, неколку дена пред изведувањето на едноскопијата. Исто така, пред изведувањето на процедурата, на пациентот му се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Анусот и ректумот треба да се потполно испразнети, бидејќи, во спортивно аноректоскопијата не е можно да се изведе. Иако самиот преглед е непријатен за пациентот сепак е релативно безбеден. Доколку пациентот има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест треба за тоа да го информира лекарот.

Изведба на аноректоскопијата

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дел од задното црево. Ова обично трае околу 15 минути и обично се изведува со интравенска седација. Реакцијата кон лековите за смирување се релативно ретки.

Аноректоскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира), од страна на специјалист кој е посебно обучен за изведување на оваа дијагностичка процедура.

Друга понова опција е виртуелна аноректоскопија со комјутерска томографија (CT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на анусот и на дел од дебелото црево, во целата нивна должина.

Компликации

Аноектоскопијата е многу безбедна метода и сериозните компликации се многу ретки. Овде спаѓаат:

  • алергиска реакција кон лековите кои се користат за смирување,
  • перфорација (пробивање) на ѕидот на анусот или на дел од ректумот,крварење,
  • инфекција на анусот или ректумот.

Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од комликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација или хируршка интервенција.

Биопсија

Доколку при аноректоскопијата се види суспектна промена на слузницата на анусот, може да се земе парче од таа промена (да се земе биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Патологот, испитувајќи го под микроскоп земениот материјал при биопсијата, ќе ја постави дефинитивната хистолошка дијагноза за карцином на анусот. Истовремено, патологот го одредува и степенот на диференцираноста (градусот) на туморот.

Според тоа, дијагнозата треба да се постави со аноректоскопијаили хируршка биопсија и хистологијата треба да биде во согласност со критериумите дадени од Светската Здравствена Организација (СЗО).

Ехотомографски преглед на анусот

Доколку со дигиталниот аноректален преглед и аноректоскопијата се постави сомневање за присуство на карцином на анусот, потребно е испитувањето да се продожи со трансректален ултразвучен преглед. Тој се изведува со внесување на специјална сонда преку чмарот на пациентот.

Ехотомографскиот преглед (ултразвук) користи звуци со висока фрекфенција, кои преку сонда се насочуваат кон анусот и неговата околина. Преку истата сонда се регистрираат одбиените зрачни бранови и врз основа на разликата од влезниот сноп на ултразвучните зраци и одбиените зраци се добива слика за внатрешните органи и структури на телото. Таа слика се гледа на монитор.

Ректалната ендоскопија е неинвазивна метода со која се утврдува постоењето и степенот на инфилтрацијата на аналниот sид, како и присуството на зголемени лимфни јазли во неговата непосредна околина.

Аспирациона биопсија на суспектни ингвинални лимфни јазли

Зголемувањето на ингвиналните (препонски) лимфни јазли, не секогаш е причинето од присуството на метастатски депозити, а може да биде последица на реактивна хиперплазија која е забележена кај половина од случаите. Поради тоа, неопходно е да се направи аспирациона биопсија на секоја клинички суспектна промена на лимфните јазли, со што ќе се овозможи цитолошко испитување со кое ќе се потврди или исклучи постоењето на метастатски депозити во нив.