• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зошто ни требаат растителните влакна во исхраната?

Дали ја знаете важноста на растителните влакна и улогата која тие ја имаат за здравјето на организмот? Дали внесувате доволно растителни влакна секој ден?

Растителните влакна се клучни за одржување на здравјето на организмот. Тие помагаат во одржувањето на нормалната функција на системот за варење. Позитивно делуваат на здравјето и се корисни во превенцијата и лекувањето на хроничните заболувања. Растителните влакна се комплексна мешавина на супстанции: различни полисахариди - целулоза, растителни смоли, пектин, агар, гума и хемицелулоза.

Според растворливоста во вода, растителните влакна се делат на растворливи и нерастворливи. Намирниците од растително потекло најчесто ги содржат двата вида на растителни влакна, иако во различни количини и сооднос.

Така, овесот е богат со растителни смоли и добар извор на вискозни влакна. Од друга страна пак, пченицата содржи повеќе нерастворливи компоненти. Зелениот зеленчук и житариците обилуваат со целулоза, јаболките и агрумите (лимони, портокали, грјпфрут...) содржат големи количини на пектин.

Растителните влакна се вид на јаглени хидрати кои не се апсорбираат преку цревата. Телото не може да ги користи како извор на енергија. Целата внесена целулоза се исфрла преку столицата.

Најновите студии ја истакнуваат големата важност на наизглед некорисните влакна: тие служат како чистачи на цревата, ги впиваат сите отрови и ги отстрануваат сите штетни супстанции, како што е и жолчната киселина, која е претходник на холесторолот.

Растителните влакна во цревата ја впиваат водата и набубруваат, со што го зголемуваат волуменот на столицата, ја забрзуваат работата на цревата и елиминирањето на токсичните материи.

Ако исхраната содржи малку растителни влакна, поради не внесување на доволна количина на интегрални житарици, овошје и зеленчук, тогаш столицата е тврда и цревата потешко ја исфрлаат. Целулозата ја има исклучиво во намирниците од растително потекло.

Растителните влакна не штитат од затвор, но и го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, ги смируваат воспалените процеси и го намалуваат крвниот притисок.

Растителните влакна го забавуваат апсорбирањето на шеќерот во крвта, што значи дека со нивно консумирање се регулира и нормализира нивото на шеќерот во крвта. Храната богата со растителни влакна особено им се препорачува на дијабетичарите. Исто така, вклучувањето на растителните влакна во секојдневната исхрана го намалува ризикот од развој на дијабет.

Дневно е потребно да внесуваме 20 до 40 грама растителни влакна, а ги наоѓаме во житариците, мешункастиот зеленчук (соја, леќа), во зелениот и коренест зеленчук и во овошјето.

 

Прочитајте и: