• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Dr. Elaine Magee: Моќни и хранливи комбинации

Одреден вид на храна може значително да допринесе во зачувувањето на здравјето и во борбата против разните заболувања. Но, различните и по малку необични комбинации, како на пример спанаќ и авокадо, заедно делуваат уште поинтензивно.

Урамнотежената исхрана, многу овошје и зеленчук и избегнувањето на нездрава храна, често имаат клучно значење за зачувувањето на здравјето. Комбинациите на различна храна понекогаш и го подобруваат ефектот и нутритивната вредност на храната.

„Кога комбинираме различна храна, таа хармонично делува и испушта хранливи материи кои заедно имаат поголем учинок отколку кога би се консумирале одвоено“, тврди Dr. Elaine Magee, авторка на книгата „Синергија на храната“.

Наут и црвени пиперки за повеќе енергија

Дури секоја петта жена има ниско ниво на железо во крвта. Консумирањето на храна богата со железо нема многу да ни помогне доколку нашето тело не е во состојба да ја разгради таа храна. Организмот тешко го разградува железото од растенијата, тврди Dr. Heather Mangieri, сопственичка на нутриционен центар во Питсбург.

За да полесно се апсорбира железото од наутот, јадете истовремено и црвени пиперки. Токму витаминот Ц од пиперките е клучен за полесна и подобра апсорпсија на железото.

Спанаќ и авокадо за подобар вид

Спанаќот изобилува со витамин А и лутеин, кои се одлични за заштита на видот. Авокадото содржи дури и повеќе лутеин и витамин А од спанаќот, како и здрави масти кои му се потебни на организмот за подобра апсорпција на витамините.

Брокула и јајца за ублажување на симптомите на пременструалниот синдром (ПМС)

Ако ве мачи раздразливост и нерасположение, кои се чести симптоми на ПМС, може да ви помогнат јадењата приготвени од брокула и јајца. Јајцата и брокулите се богати со калциум и витамин Д, кои успешно ги ублажуваат симптомите на пременструалниот синдром (ПМС)

Домат и маслиново масло за помека кожа

Доматот содржи ликопен, јак антиоксиданс од групата на каротиноиди, кој и помага на оштетената кожа од сончевите зраци. Но, за мазна и мека кожа, самиот домат не е доволен. За подобар ефект додајте малку маслиново масло.

Овесна каша и јаболко за поздраво срце

Овесната каша се покажала многу ефикасна во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта. Затоа им се препорачува на лицата со шеќерна болест. Со редовно земање на овес во исхраната, односно со спроведување на т.н. „овесна кура“, која треба да се спроведува подолго време, доаѓа до намалување на нивото на шеќерот во крвта.

Овесната каша има волшебна моќ. Таа го намалува и нивото на холестеролот во крвта. Затоа им се препорачува на лицата со висок крвен притисок, со високо ниво на холестерол во крвта и со кардиваскуларни заболувања.

Денот започнете го со здрав појадок од овесна каша во која ќе додадете парчиња јаболка. Јаболката е преполна со флавоноиди, едни од најважните и најјаки антиоксиданси.

Пилешко и слатки компири за зајакнување на имунитетот

Ретко која друга намирница има толкави резерви на здрав витамин А како што тоа го има благиот компир. Но, внесувањето на витаминот А без цинк и не е корисно. Тука помага пилешкото, свинското или говедското месо кое изобилува со цинк. Цинкот му е потербен на организмот за да квалитетно го разгради витаминот А.

 

Прочитајте и: