• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Јадете овошје, особено со виолетова боја!

Овошјето со виолетова боја може да го намали ризикот од развој на Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и некои видови на рак.

Ако сакате во староста да имате бистар ум, здраво срце и тело способно за физички активности, во својата млада и средна возраст треба задолжително да јадете овошје со виолетова боја. Ова го советувааат британските научници кои тврдат дека ако јадеме боровинки, капинки, црни рибизли и модри сливи ќе го намалиме ризикот за развој на мултипла склероза и Паркинсонова болест. Научниците советуваат да се консумираат дневно две до пет порции овошје со виолетова боја.

Зошто токму овошјето со виолетова боја е посебно?

Научниците сметаат дека нутритиентите кои се наоѓаат во виолетовото овошје му помагаат на организмот во борбата против негативните ефекти на железото, кои можат да ги оштетат клетките, ако железото во неправилна форма мине низ нашиот систем за варење. Железото го сметаме за корисен минерал само ако реагира со другите материи во нашето тело, но железото ако не реагира со другите материи станува отровно за ткивото.

За виолетовата боја на овошјето одговорни се полифенолите – фитохемикалии со јако антиоксидативно дејство, кои можат да влијаат на железото и да го спречат неговиот штетен ефект.

На сличен начин делува и куркуминот, популарниот индиски зачин, кој може да ги превенира Алцхајмеровата болест и дијабетот тип 2. Овој зачин може да помогне и во превенцијата и борбата против ракот на дојката и ракот на дебелото црево.

Сличен позитивен ефект има и зелениот чај. Зелениот чај, освен што ја намалува смртноста кај воспалението на белите дробови, го намалува и ризикот од рак на бели дробови, тврдат истражувачите од Медицинскиот факултет во Тајван.

 

Прочитајте и: