• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Сокот од шипка им помага на пациентите кои се на дијализа

Научниците откриле дека сокот од шипки особено им користи на пациентите кои се на дијализа.

Студијата покажала дека лицата кои се на дијализа, ако пијат неколку чаши сок од шипки, имаат помали шанси за развој на инфекции.

Ова го потврдиле и резултатите од истражувањето во кое учествувале 100 лица. Сите испитаници во тек на година дена морале да пијат пола шоља сок од шипки или плацебо (лажен) напиток. Резултатите од студијата јасно покажале дека болните со бубрежна слабост, кои консумирале сок од шипки, имале помал број на воспалителни молекули во крвта.

„Резултатите од истражувањето едноставно не воодушевија. Во овој момент неможам да наведам ниту една хранлива материја која би можела да има такво големо позитивно дејство на бубрежните болни. Се покажа дека сокот од шипка содржи највисоки концентрации на полифеноли. Повеќе и од оние откриени во црвеното вино“, изјавил Dr. Frank Brosius од Универзитетот во Мичиген.

Истражувачите сватиле дека исхраната богата со антиоскиданси може да им помогне на пациентите со бубрежна слабост, бидејќи концентрацијата на слободните радикали се зголемува како што крвта циркулира низ уредот за дијализа.

 

Најчитани наслови