• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
10 предности на маслиновото масло!

Девственото маслиново масло (olio vergine) е најздраво и најквалитетно маслиново масло, кое се добива со првото ладно цедење на здравите маслинки, при што семката на маслинката не смее да се здроби.

Нутриционистите, екстра-девственото маслиново масло, го сметаат за многу здрава храна, богата со хлорофил, каротин, лецитин (природен антиоксиданс го стимулира метаболизмот на мастите, шеќерите и белковините), полифеноли (антиоксиданси) и есенцијални витамини D, Е и K.

Еве 10 причини зошто треба почесто да го консумирате маслиновото масло.

1. Има извонреден вкус

Квалитетното маслиново масло има извонреден благо-горчлив вкус, зеленкаста боја и мирис на овошје. Тешката миризба на маслиновото масло е знак за неквалитетно и застарено масло.

2. Помага при слабеење

Доколку животинските масти ги замениме со маслиново масло, тоа може да ни помогне при слабеење.

Нутриционистите препорачуваат зголемен внес на естра девствено малиново масло, кое може да помогне во уништувањето на штетните масти, намалувањето на масните обвивки околу стомакот и регулирањето на дијабетот.

3. Го продолжува животниот век

Екстра девственото маслиново масло е богато со незаситени масни киселини и антиоксиданси, па може да помогне во спречувањето и превенцијата на кардиоваскуларните болести, дијабетот, одредени видови на тумори, како и во нивното лекување.

Девственото маслиново масло е многу здраво бидејќи содржи во себе многу корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси. Поради тоа, на маслиновото масло, му се препишуваат и антиканцерогени својства.

Постојат студии кои покажале дека маслиновото масло им помага на пациентките со рак на дојка. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2, кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници.

Маслинките се добри против стресот и против настинките. Со нивното конзумирање се намалуваат вредностите на LDL холестеролот, се јакнат срцето и крвотокот, се активираат жолчката и црниот дроб, организмот се ослободува од отрови, се намалува крвниот притисок и се ублажуваат ревматските болки.

Од неодамна е откриена уште една корисна состојка на маслиновото масло - екстрактот флавоноид, или олеуропеин, кој му го дава горчливиот вкус. Оваа супстанција содржи значаен спектар на полифеноли, кои ги сузбиваат и неутрализираат слободните радикали во организмот.

Една мала лажичка, 3 до 4 пати дневно, на празен желудник, е одличен лек за слабо подвижните, крути зглобови, за лошото варење, за запек, за болести на црниот дроб и на желудникот, но и за многу други заболувања.

Сите медитерански кујни не можат да се замислат без употреба на маслиново масло.

4. Ве прави попаметни

Најновите студии покажуваат дека исхраната богата со незаситени масни киселини, кои во голема мера се присутни во екстра девственото маслиново масло, можат да го подобрат работењето на мозокот. Маслиново масло помага во јакнењето на когнитивните способности и го намалува ризикот од деменција и развој на Алцхајмерова болест.

5. Ве подмладува и разубавува

Екстра девственото маслиново масло ги содржи витамините A, Д, K и E, кои помагаат во борбата против слободните радикали и оксидацијата на клетките. Токму присутните слободни радикали и оксидацијата на клетките предизвикуваат предвремено старење. Маслиновото масло ја одржува кожата еластична, влажна, витална и млада.

6. Делува поволно на развојот на децата

Најновите истражувања покажуваат дека исхраната богата со маслиново масло во текот на бременоста може да ги подобри психомоторните рефлекси на детето и да даде бројни други предности во неговиот развој.

7. Ја намалува физичката болка

Маслиновото масло може да делува како природен аналгетик. Тоа во себе содржи олеокантал, супстанција која има антивоспалително дејство. Затоа, маслиновото масло им се препорачува на лицата со ревматични заболувања на коските.

8. Го јакне имунитетот и ја зголемува енергијата

Исхраната богата со маслиново масло ја подобрува циркулацијата, ја подобрува работата на срцето и дишните патишта. Исто така, маслиновото масло ги намалува симптомите на разни алергиски заболувања, како и на заболувањата на дишните патишта.

9. Ја зголемува отпорноста против инфекциите

Маслиновото масло содржи во себе висока концентрација на антиоксиданси, вклучувајќи ги полифенолите, витаминот Е, хролофилот и каротеноидите. Антиоксидансите се главни за јакнење на имунолошкиот систем на организмот.

10. Ги подобрува сексуалните односи

Екстра девственото маслиново масло, заедно со омега 3 масните киселини, ја подобрува циркулацијата, што е клучен фактор за подобрување на ерекцијата и оргазмот и кај мажите и кај жените.

 

Прочитајте и: