• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дали знаете што е амарант?

Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи "бесмртен". Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица.

Амарант е мало семе слично на просото. Семето на амарантот може се вари и од него се добива многу вкусна и здрава житна каша или главно јадење. Може, исто така, да се пржи и да се додава како зачин во супи, салати или варива.

Амарантот е богат со лизин, една од осумте есенцијални амино киселини, која човечкиот организам не само што не може да ја произведе, туку ја нема и во храната од растително потекло (но, обично ја има многу во храната од животинско потекло).

Амарантот е богат со железо и калциум, два минерали кои често недостасуваат во исхраната на девојките и жените.

Железото е неоходно за создавање на црвени крвни зрнца. Жените во текот на менструалниот период губат доста железо, а обично не внесуваат доволно, па можат да станат слабокрвни.

Калциумот е неопходен за јаки и здрави заби и коски, како и за нормален крвен притисок. На жените, калциумот е им особено потребен, за да се спречи остеопорозата или за губењето на коскена маса во подоцнешните години од животот.

Амарантот содржи многу малку калории и масти, а е богат со растителни влакна. Тој содржи висококвалитетни протеини, без дополнителни масти или калории, кои обично ги има во месото.

Растителните влакна помагаат во варењето на храната, го регулираат нормалното празнење на цревата, па на тој начин, амарантот го спречува развојот на ракот на дебело црево и на ректумот.

 

Прочитајте и: