• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Брз тест за откривање на предозираност со парацетамол Печати

Ефикасниот и едноставен тест за користење ја открива предозираноста со парацетамол (ацетаминофен) за само 10 минути.

Лекот парацетамол често се користи поради своите аналгетски и антипиретски својства. Хроничната прекумерна употреба на парацетамолот може да предизвика токсично оштетување на црниот дроб и бубрезите. Тешките оштетувања на црниот дроб, ако не се лекуваат, можат да доведат до откажување на црниот дроб.

Парацетамол тестот овозможува брзо и квантитативно откривање на лекот во серумот или плазмата, овозможувајќи им на лекарите многу порано да започнат со терапијата.

Раното дијагностицирање на хепатотоксичноста, предизвикана од предозирањето со парацетамол, е од витална важност. Истражувањата покажале дека раното започнување на терапијата, во рок од 16 часа од предозираноста, ја намалува можноста за оштетување на црниот дроб и ја намалува стапката на смртност.